РАБОТА СО ПОДАТОЦИ

03.02.2021

Работата со податоци, нивното правилно анализирање и
користење на визуелизации за презентирање стануваат се
побарани вештини. Граѓанските организации, медиумските
работници, активистите, но и сите останати кои работат со
податоци, или имаат потреба од прикажување на резултатите
од нивната напорна работа пред широката јавност, се соочени
со низа технички предизвици. Бидејќи голем дел од граѓаните не
се запознаени со компјутерско програмирање (кодирање), ниту
пак со создавање визуелизации, се чини дека техничкото знаење
е најголемиот предизвик пред која се исправуваат. Преку овие
обуките, Фондацијата Метаморфозис, успешно го премостува
токму тој предизвик – за успешна работа со податоци и
создавање визуелизации нема да ви биде потребно огромно
техничко предзнаење! Преку користење на низа бесплатни
алатки, онлајн платформи, малку креативност и трпеливост –
ќе научите ефикасно да раководите со вашите податоци, и да
создавате модерни визуелизации кои ќе ја прикажат вашата
работа во едно ново светло