Добро владеење: vistinomer.mk

Преку објавување на Вистиномер.мк, Фондацијата „Метаморфозис“ стави на располагање на јавноста уште една алатка за зголемување на отчетноста и одговорноста на партиите пред граѓаните.

Вистиномер.мк ги анализираше ветувањата на политичките субјекти и ги презентираше во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци. Секое идентификувано ветување доби оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето. Ветувањата кои беа нелогични или искажани на начин што оневозможува да се проверат беа означени како недоследни.
 
Преку запознавање со ветувањата и со аргументите од објасненијата, граѓаните се едуцираа како да ги читаат и интерпретираат изборните програми и платформи, како и самите да следат и да оценуваат колку од тоа што е напишано и ветено се исполнува.

vistinomer-web Вистиномер го следи остварувањето на предизборните ветувања на победниците на изборите во 2011 г., како и изјавите на политичарите кои може да се класифицираат како ветувања меѓу самите избори.

Основна намена на Вистиномер.мк е да го зголеми знаењето на граѓаните, медиумите, невладините организации, но и на партиите и нивните членови кои преку него имаат прилика да се запознаат и со низа аспекти на политичкиот процес од Македонија.

Со објавување на Вистиномер, како и со претходната веб-апликација Гласомер.мк , Фондацијата „Метаморфозис“ jа продолжи регионалната соработка со граѓанските здруженија „Зашто не“ од Босна и Херцеговина и ЛиНет од Србија за примена на нови технологии за поголема транспарентност, поддржана од американската непрофитна фондација НЕД (National Endowment for Democracy), финансирана од Конгресот на САД,  како дел од напорите за развој на демократијата во регионот.

Назад кон Добро владеење

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Добро

владеење:

vistinomer.mk