19-та меѓународна конференција е-Општество.мк “Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”

21.11.2023

Во фокусот

Фондација Метаморфозис срдечно ве поканува на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, организирана на 19-ти декември 2023, на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”.

Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат и ќе се одржи во Хотел „Мериот“ во Скопје (сала Ballroom I), каде што дел од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и преку Facebook Live на Facebook страницата на Фондација Метаморфозис. Конференцијата ќе се одвива на англиски, македонски и албански јазик, со обезбеден превод во хотелот и преку ZOOM.

Конференцијата ќе ја истражи вештачката интелигенција која отвора невидени можности за иновации во различни сектори, а истовремено отвора и различни прашања за заштитата на основните човекови права. Постигнувањето на вистинскиот баланс помеѓу иновацијата и одговорноста е од суштинско значење за обезбедување на дигитален пејзаж кој вклучува решавање на проблеми како што се приватноста, пристрасноста, дискриминацијата и етичката употреба на вештачката интелигенција за заштита на човековите права. Како што вештачката интелигенција продолжува да го обликува нашиот свет, потребата за заштита на човековите права без задушување на технолошкиот напредок станува најголем предизвик.

Агендата е достапна на англиски, македонски и албански јазик.

Сите заинтересирани да учествуваат треба да се регистрираат на следниот линк не подоцна од 14-ти декември: https://tinyurl.com/3vnp6nnk.

Конференцијата „е-Општество.мк“ е организирана од Фондација за интернет и општество Метаморфозис во синергија со проектите “Центар против дезинформации на Западен Балкан” финансиран од Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија, и проектот “Добро владеење во сајбербезбедност на Западен Балкан” спроведен од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на владата на Обединетото Кралство. Ставовите изнесени за време на конференцијата не нужно ги одразуваат мислењата на донаторите.

 

Забелешка за приватност: Настанот ќе се снима и ќе се пренесува во живо, додека видео снимката ќе биде објавена на YouTube каналот на Фондацијата Метаморфозис, веб-страницата и профилите на социјални медиуми. За време на настанот ќе бидат направени фотографии кои ќе бидат дистрибуирани на веб-страницата и профилите на социјални медиуми на Фондација Метаморфозис, како и доставени до донаторите со цел известување за настанот.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум) претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план […]

mediumski-item-img-1.png

Оглас за вработување на раководител/ка на проект

Основни информации Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат […]

mediumski-item-img-1.png

Индекс на отвореност: Во тек е осмиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, го започна осмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и […]