Оглас за вработување на раководител/ка на проект

27.02.2024

Во фокусот

Основни информации

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат клучна улога во обезбедувањето на знаење и глас на граѓаните, откривање на корупција и развивање на една култура на критика, каде граѓаните ги преиспитуваат дејствијата на властите и на корисен начин учествуваат во демократските процеси.

Во рамки на програмата „Медиуми за демократија“, Фондацијата „Метаморфозис“ ќе ангажира раководител/ка на проект.

Одговорности на раководителот/раководителката

  • Да координира спроведување на активности за унапредување на медиумските слободи и јакнење на отпорноста на дезинформации;
  • Да следи релевантни извори на информации за поуспешно спроведување на планот за градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите;
  • Да предлага акции за јавна едукација, односно да се зајакне капацитетот на клучните засегнати страни (граѓански организации и активисти, медиуми и новинари, државни институции и носители на одлуки) за да може активно да учествуваат во градење отпорност од штетните антидемократски влијанија;
  • Да соработува со засегнатите страни и колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности.

Раководителот/раководителката ќе одговара пред менаџерот на програмата „Медиуми за демократија“.

Потребни услови и лични вештини

  • Завршено високо образование;
  • Искуство со раководење проекти на национално или регионално ниво.
  • Вештини за целосно организирање настани од голем обем;
  • Навремено комуницирање со голем број партнери/странки;
  • Комуникациски вештини;
  • Аналитички способности и подготвеност за учење;
  • Позитивен однос и способност за работење со почитување рокови;
  • Високо ниво на познавање и примена на македонскиот јазик (усно и писмено);
  • Високо ниво на познавање и примена на англискиот јазик (усно и писмено);
  • Високо ниво на познавање и примена на други јазици од регионот (усно и писмено, ќе се смета како предност);
  • Спремност за службени патувања во земјата и/или странство.

Вид на ангажманот

Раководителот/раководителката ќе биде вработен/а на определено време од 1 година, со пробен период од 3 месеци и со можност за продолжување на договорот.

Услови за пријавување

Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на info@metamorphosis.org.mk до 07.03.2024 година.

Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на претставници од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година

Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 8 (осум) претставници од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план […]

mediumski-item-img-1.png

Оглас за вработување на раководител/ка на проект

Основни информации Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ преку својата програма „Медиуми за демократија“ препознава дека едно информирано општество е суштествено за обезбедување одговорност како на јавниот, така и на приватниот сектор. Активностите кои што „Метаморфозис“ ги реализира во рамките на оваа програма имаат цел да креираат средина во која слободните и професионални медиуми имаат […]

mediumski-item-img-1.png

Индекс на отвореност: Во тек е осмиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт

Мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален фонд за демократија преку проектот Using New Media to Promote Government Transparency, го започна осмиот бран на мерења на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот (Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и […]