Повик за апликации – Грантови за граѓански организации

17.05.2021

Во фокусот

ИЦЕДА со задоволство ве информира за претстојниот Повик за апликации што би обезбедил поддршка на ГО за промовирање на Дигиталната агенда преку вториот циклус на грантовата шема за мали грантови ЛОТ 2: Доделување на грантови за Иницијативи за застапување на Дигиталната агенда, доделување 15 мали грантови на ГО од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија (целта е приближно 3 грантови по земја), во опсег од 3.000 до 7.000 евра по грант. Времетраењето на спроведувањето на одделните грантови е 6 месеци.

Повеќе информации може да се најдат во Огласот за Повик за апликации.

Целосниот опис на Повикот, како и формуларите за апликација можете да ги најдете на следните линкови.

Информативни сесии

Онлајн информативна сесија за потенцијални апликанти ќе биде организирана од страна на партнерите на проектот ИЦЕДА, во форма на вебинари со времетраење до 1 час. По една информативна сесија ќе се спроведе во рамките на секоја од вклучените пет земји од Западен Балкан, спроведена на локалните јазици, на 07.06.2021 во 10:00 часот.

За повеќе информации за сесиите, контактирајте го локалниот партнер од земјата каде што аплицирате, или следете ги Facebook профилот и Twitter страницата на проектот, како и профилите на социјалните медиуми на партнерите.

 

Каде да аплицирате и да ги испратите документите?

Апликантите на кои им требаат појаснувања или им требаат дополнителни информации за Повикот за апликации, можат да ги испратат имеил на iceda@metamorphosis.org.mk пред 15.06.2021 за да можат да ги добијат одговорите навреме пред крајниот рок за поднесување на апликациите.

Краен рок за аплицирање: 30.06.2021 до 23:59 CEST.

Забелешка: Рокот е продолжен. НОВ рок за аплицирање: 07.07.2021 до 23:59 CEST.

Апликациите треба да се испраќаат исклучиво по имеил на iceda@metamorphosis.org.mk. Формуларите за аплицирање мора да бидат пополнети на англиски јазик.

 

 

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Оворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

Најава: јавна расправа за нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023-2026)

Првата јавна расправа за нацрт – Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023 – 2026 г.) ќе се одржи на 11 септември 2023 година со почеток од 12:00 часот во хотел “Холидеј Ин” во Скопје. Стратегијата има за цел да ги поврзе и усогласи веќе донесените политики, кои на директен или индиректен […]

mediumski-item-img-1.png

„Метаморфозис“ на првиот Консултативен состанок на ЕУ за Дигиталната агенда „За каква промена станува збор?”

На 3 август 2023 година, на покана на Техничка помош за граѓанските организации (ЕУ ТАКСО 3) во Западен Балкан и Турција, „Метаморфозис“ имаше свое излагање на првиот Консултативен состанок за Дигиталната агенда насловен „За каква промена станува збор?“. Целта на овој онлајн состанок беше да се истражи влијанието на дигиталната транзиција врз граѓанските организации и […]

mediumski-item-img-1.png

Нацрт-Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија и нацрт-Акциски план достапни на ЕНЕР

Нацрт-текстот на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија и нацрт-текстот на Акцискиот план се достапни за консултација со јавноста. На 1 август, 2023, на ЕНЕР (Единствен национален регистар на прописи на Република Северна Македонија) беа објавени нацрт-текстот за Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=64) и нацрт-текстот за Акцискиот […]