Save the date: 19-тa конференција е-Општество.мк

14.11.2023

Во фокусот

Фондација Метаморфозис со задоволство ве поканува на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ која ќе се одржи на 19-ти декември 2023, во Скопје, Северна Македонија, оваа година на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат и ќе се одржи во Хотел „Мериот“ во Скопје (сала Ballroom I), каде што дел од учесниците ќе имаат можност физички да присуствуваат на настанот, а останатите ќе можат да ги следат сесиите онлајн, преку платформата ZOOM и преку Facebook Live на Facebook страницата на Фондација Метаморфозис.

Вештачката интелигенција отвора невидени можности за иновации во различни сектори, од здравство и транспорт, до образование и забава. Сепак, овој брз напредок на технологијата истовремено покренува клучни прашања за тоа како да се заштитат основните човекови права. Постигнувањето на вистинскиот баланс помеѓу иновацијата и одговорноста е од суштинско значење за обезбедување на дигитален пејзаж кој вклучува решавање на проблеми како што се приватноста, пристрасноста, дискриминацијата и етичката употреба на вештачката интелигенција за заштита на човековите права. Како што вештачката интелигенција продолжува да го обликува нашиот свет, потребата за заштита на човековите права без задушување на технолошкиот напредок станува најголем предизвик.

Следете нè за повеќе информации.

 

Конференцијата „е-Општество.мк“ е организирана од Фондација за интернет и општество Метаморфозис во синергија со проектите “Центар против дезинформации на Западен Балкан” финансиран од Министерство за надворешни работи на Кралството Холандија, и проектот “Добро владеење во сајбербезбедност на Западен Балкан” спроведен од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF) и Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на владата на Обединетото Кралство. Ставовите изнесени за време на конференцијата не нужно ги одразуваат мислењата на донаторите.

Сподели:

mediumski-item-img-1.png

19-та меѓународна конференција е-Општество.мк “Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”

Фондација Метаморфозис срдечно ве поканува на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, организирана на 19-ти декември 2023, на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат и ќе се одржи во Хотел „Мериот“ во Скопје (сала Ballroom I), каде што дел од […]

mediumski-item-img-1.png

Метаморфозис со поддршка на новинарскиот протест против судската одлука за ИРЛ: Одлуката ги загрозува слободата на изразување и слободата на медиумите

Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо Анѓушев и на компанијата Брако за клевета. Метаморфозис ја смета судската […]

mediumski-item-img-1.png

Save the date: 19-тa конференција е-Општество.мк

Фондација Метаморфозис со задоволство ве поканува на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ која ќе се одржи на 19-ти декември 2023, во Скопје, Северна Македонија, оваа година на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност”. Конференцијата ќе биде организирана во хибриден формат и ќе се одржи во Хотел […]