Владимир Лазовски

Претседател на Одбор 
период јуни 2024 - јуни 2026г.

Владимир Лазовски работи во граѓанскиот сектор и како консултант од 1999 година. Во фокусот на неговата работа е унапредувањето на социјалната инклузија и човековите и граѓанските права на маргинализираните групи, особено на лицата со попреченост, Ромите и децата.

Од 2017 до 2022 година, Владимир е координатор за деинституционализација во Министерството за труд и социјална политика. Во периодот 2009-2016 година е извршен директор на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, а претходно раководи проекти за повеќе македонски и странски организации. Неговото искуство вклучува едногодишна работа во хуманитарна мисија во Дарфур, Судан, како и консултантски ангажмани во земјава и во странство, поврзани со стратегиско планирање и менаџмент, истражувања, анализи, развој и следење на јавни политики, обуки и сл.

Лазовски е дипломиран бизнис менаџер и моментално работи како регионален експерт за деинституционализација при СОС Детско село.

Маријана Иванова Давидовиќ

Маријана Иванова Давидовиќ

член на Одбор, период јуни 2024 - јуни 2026г.

Маријана Давидовиќ е новинарка по професија. Има работено за повеќе печатени медиуми во Македонија и во регионот, од кои последен е списанието National Geographic Srbija каде беше дописник од Македонија и Црна Гора. Таа е исто така активна во невладиниот сектор. Работеше во МЦМС(Македонски сектор за меѓународна соработка, во ФООМ (Фондација Отворено општество Македонија),  една е од основачите на Новинарскиот еко центар Ерина, и други организации. Во последно време работи и живее во Црна Гора, каде работеше во Министерството за европски интеграции на Црна Гора (на проект поддржан од Европската Комисија), во Институтот за медиуми на Црна Гора и во Регионалната мрежа за културното наследство (SEE Heritage Network).

Zoran Janevski

Зоран Јаневски

член на Одбор, период јуни 2024 - јуни 2026г.

Професор Зоран Јаневски е директор на Економскиот институт – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, искусен истражувач и автор во областа на претприемништво, дигитална економија и е-Влада. Тој е автор на наградена докторска дисертација за претприемништво и е-трговија. Тој разви модел за влијанието на претприемништвото, изворите на конкурентност, електронската трговија и стратегијата за иновации на вредноста на конкурентноста и конкурентската предност на претпријатијата. Со искуство во електроника и телекомуникации, неговата кариера се темели врз повеќе од три децении професионално искуство во приватни и јавни организации и консултантски улоги во областа на ИКТ и во областа на економија за организации како што се УНДП, ОБСЕ, Европската агеницја за реконструкција и многу други.

Професор Јаневски учествувал на бројни научни и апликативни проекти, конференции и обуки од областа на претприемништво, дигитална економија и е-влада и има објавено голем број истражувачки и стручни трудови на овие теми, како и учебници, наставни материјали и монографии во Северна Македонија и странство.

Зоран Цали

Зоран Цали

Зоран Цали работеше во Фондацијата Отворено општество – Македонија како административен директор, а во неговиот домен спаѓаше и програмата за економски развој, во периодот 1997-2018 година, со што има 25-годишно искуство во управување со граѓанска организација. Од административен аспект, беше одговорен за правни прашања, управување со човечки ресурси и буџетски процеси. Во рамки на програмата за економски развој, раководеше со проекти за промоција на обуки за претприемништво, зголемување на финансиската писменост, проекти поврзани со циркуларна економија и екологија и обезбедување приходи и развој на микрофинансиско банкарство за ранливите категории.

Тој е дипломиран телекомуникациски инженер по професија, а има завршено и магистерски студии по финансиски менаџмент, обука за правила и прописи на USAID, корпоративна општествена одговорност, микрофинансирање и напредно лидерство. Во моментот е член на одборот на Фондација за микрофинансирање.

 

член на Одбор, период јуни 2024 - јуни 2026г.