Мени
mapa_digitalni_klubovi

Европски ден за заштита на личните податоци

По повод Европскиот ден за заштита на личните податоци - 28 јануари 2010, Дирекцијата за заштита на личните податоци организира Отворен ден за граѓаните. Во просториите на ЕУ Инфо центарот ќе бидат поставени четири информативни пултови на кои ќе бидат презентирани препораки и совети за заштита на личните податоци од областа на здравство, интернет, видео надзор и правна заштита на ...

6516F0E3B07A2A4183E44908B6726D66

Регионална конференција за образование на Microsoft: „Вистинско влијание за подобро образование“

Microsoft Македонија и Public Sector Microsoft CEEIt во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија организираат Регионална конференција за образование на 4 декември, 2013 година во хотелот Александар Палас. Ова е можност да се научи како да се користи технологијата за подобрување на образованието и учењето, за создавање можности и подигнување на животниот стандард ...

DSC 0270

Конференција „е-Власт и Отворени денови на СЕЕИТА“

На 24 и 25 октомври 2013 година во Скопје, Комората за информатичка и комуникациска технологија - МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Амбасадата на Франција во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства - ADETEF и Француската агенција за промоција на извозот - UBIFRANCE ја ...

Фронт за слобода на изразувањето: Со Кежаровски во затвор заминува и слободата на изразувањето

Фронтот за слобода на изразувањето смета дека затворската казна од 4,5 години  за новинарот Томислав Кежаровски, претставува уште еден тежок удар врз слободата на изразување и слободата на медиумите во Република Македонија. Пресудата против Кежаровски претставува закана за сите новинари кои информираат за работата на полицијата, правосудните органи, но и на сите други ...

Метаморфозис, ЦРМ и НВО Инфоцентар од Македонија бараат заштита на приватноста на комуникациите на интернет од неконтролиран надзор и следење

Фондацијата Метаморфозис, Центарот за развој на медиуми и НВО Инфоцентарот се придружуваат кон големата меѓународна коалиција и бараат од Република Македонија да процени дали националното законодавство и активности на полето на следењето на комуникациите се во согласност со преземените меѓународни обврски во областа на човековите права. Нашите организации ги поддржуваат ...

Фронт за слобода на изразување реагира на изјавите на Министерот за информатичко општество

Злонамерно уривање на угледот на граѓанското општествоФронтот за слобода на изразување нема намера да влегува во дебата онаму каде што очигледно нема волја за такво нешто. Сепак, ја користиме оваа прилика да истакнеме дека од интервјуто на Министерот за информатичко општество за Утрински весник (1.9.2013) се гледаат сериозни недостатоци на познавање на поимот граѓанско општество. ...

Македонија: Фронтот за слобода на изразување бара повлекување на медиумските закони од собраниска процедура

Фронтот за слобода на изразување бара од Собранието на Република Македонија, да ги повлече од процедура предложените закони: закон за медиуми и закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи преку нив дополнително ќе се загрози слободата на говор во Македонија, особено со неоправданото опфаќање на печатените и интернет-медиумите со нови регулативи. Голем дел од ...

Македонија: Европската Комисија не барала вакви закони за медиуми

Соопштение за печат на Делегацијата на ЕУ во име на Европската комисија во врска со нацрт-законите за медиуми По дебатата одржана оваа недела во Скопје во врска со нацрт-законите за медиуми и аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Европската комисија би сакала да ја разјасни нејзината улога во овој процес.Подготовката на новата легислатива за медиуми која треба да го замени ...

NMS-MKD-2

Основан е Националниот младински совет на Македонија

На 29-ти јуни во Струга беше основан Националниот младински совет на Македонија. Советот е основан од страна на 55 организации (младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии. Како што истакна Претседателката на Националниот младински совет на Македонија, Ивана Давидовска неговата мисија е да да ги претставува интересите и потребите на ...

ЕДРИ: Нов закон со кој се загрозува слободата на изразување во Македонија

Новиот македонски закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги создава сериозни ризици за слободата на изразување во Македонија. Со новиот закон се проширува делокругот на државната контрола од електронските медиуми (што е оправдано бидејќи тие користат ограничен јавен ресурс, имено безжичниот спектар) на сите видови медиуми, вклучувајќи ги и печатените и медиумите на ...