Мени
crisp_ngo_network

е-Инклузивност: Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет

Проектот CRISP има за цел да ги заштити правата на децата на интернет и да овозможи сигурен и безбеден пристап до интернет, заштита на нивната приватност и приватноста и безбедноста на нивните семејства. Мрежа од 12 НВОи распоредени на различни географски локации работат на подигнување на свеста и изградба на капацитетот во основните и средните училишта во Република Македонија. Се одржуваат предавања и обуки за децата, родителите, наставниците и јавноста врз основа на специјално подготвени едукативни ресурси на македонски и албански јазик.

Веб-сајт на проектот:

Вид на иницијатива:

  • Проект или услуга
  • Промоција/кампања за подигнување на свеста

Опис на проектот

 

Домен

Е-Инклузивност

Тема
  • ИКТ и маргинализирана младина,,
  • ИКТ и развој на заедницата,
  • Дигитална писменост и способности,
  • Географска е-инклузивност
Сектор

Криминал, Правда и Право, Образование, Наука и истражување, Локален/Регионален развој на заедницата
Датум на започнување – Датум на завршување

Октомври 2007 – Ноември 2008
Оперативен од

Октомври 2007
Целна група или корисници

Млади лица подложни на маргинализација, семејства и деца, етнички заедници
Целна група

  • Деца – ученици од основно и средно училиште од различни региони на Република Македонија со настава на македонски и албански јазик;
  • Родители или старатели од кои повеќето имаат ниска свест за позитивните и негативните страни на интернетот;
  • Наставници – кои во најголем дел имаат малку познавање за тоа како функционира интернетот. Тие обезбедуваат мултипликација на стекнатото знаење;
  • НВО сектор – вклученоста на НВОи за човекови права ја проширува областа на нивното делување;
  • Медиуми – генерално, на новинарите им треба повеќе знаење околу заштитата на приватноста и авторските права на интернет, бидејќи тоа сe уште недостасува во нивното формално образование.
Опсег

Национален
Статус Делување
Јазици македонски и албански

Политички контекст и правна рамка

Во Република Македонија се вложуваат големи инвестиции за изградбата на ИКТ инфраструктура во основните и средните училишта, како што е масовното купување на компјутерски системи за училниците и обезбедување на интернет пристап. Повеќето училишта веќе имаат најмалку една училница со таква опременост. Сепак, Владата сe уште не започнала промени во наставниот план со кои би се овозможила изградба на капацитетот и едукативна употреба на оваа технологија.

Проектот ја идентификуваше и се осврна на потребата за изградба на капацитетот на големите групи на заинтересирани страни во областа на безбедноста и заштитата на човековите права на интернет, врз основа на меѓународните договори за права на децата, и во согласност со релевантните македонски закони. Регулаторниот акт (Нацрт правилник за Законот за малолетници за проблеми кои може да му наштетат на менталниот и морален развој на малолетникот), врз основа на Законот за радиодифузија кој исто така имаше влијание врз планирањето на проектот.

Министерството за образование и наука на Република Македонија и Бирото за развој на образованието обезбедија поддршка за проектот со тоа што овозможија активностите да се одвиваат во државните училишта.

Некои општини, како што се Велес и Кисела Вода (Скопје) обезбедија дополнителна поддршка за проектот преку подобрување на комуникацијата со локалните училишта и локалните заедници.

Вид на иницијатива

Обука и образование
Општ пристап на имплементирање
Партнерства помеѓу администрацијата и/или приватниот сектор и/или непрофитниот сектор
Извор на финансирање
  • Програма ЕИДХР на ЕУ – 34.000 евра
  • Фондација Метаморфозис – 6.000 евра
Големина на проектот

Имплементација: 40.000 евра
Годишен трошок: 40.000 евра (едногодишен проект)

Пристап за имплементација и менаџмент

Проектот беше инициран од Фондацијата Метаморфозис, а мрежата вклучува НВОи кои веќе работеле на промоцијата и заштитата на човековите права во нивните заедници, во соработка со НВО Прва детска амбасада во светот – Меѓаши и регулаторното тело Дирекција за заштита на личните податоци на Република Македонија. КРИСП е кофинансиран од Европската иницијатива за демократија и човекови права (ЕИДХР) и Метаморфозис.

Проектот вклучува неколку фази:

  • Создавање на ресурси (ИКТ водич, летоци, Повелба за детските права на интернет и веб-сајт) на локалните јазици (македонски и албански) како и формирање на мрежа од НВОи кои работат на заштита на детските права.
  • Обука и запознавање на членовите на НВО-мрежата со ова конкретно прашање (детските права на интернет) и квалификација за образование на децата, родителите и наставниците во основните и средните училишта низ Македонија.
  • Членови на НВО-мрежата кои спроведуваат обуки преку специјално подготвени и организирани презентации во основните и средните училишта, како и дистрибуција на материјалите за време на презентациите.
  • Истражување и процена: основа и истражување за употребата на интернетот и перцепции за безбедност и приватност на целните групи.

Освен партнерите во проектот, мрежата се состои и од следните НВОи:

1. Фондација Метаморфозис – Скопје
2. Прва детска амбасада во светот – Меѓаши – Скопје
3. Здружение на граѓани за поддршка и промоција на пристапна информатичка технологија за лица со хендикеп – Скопје
4. Младински образовен форум [МОФ] – Скопје
5. Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ)
6. Младински културен центар – Битола
7. Младински совет Охрид
8. Фондација за развој на локалната заедница – Штип
9. Совет за превентива против малолетничка деликвенција – СППМ
10.Асоцијација за демократска иницијатива – АДИ – Гостивар
11.Хуманитарно и добротворно здружение на ромите “ПХУРТ” – Делчево
12.Хуманитарно здружение Мајка – Куманово

crisp_ngo_network

Сл. 1: Мапа на Република Македонија на која се претставени локациите на седиштата на членовите на НВО мрежата

Технолошко решение

Сите ресурси се достапни во дигитална форма на веб-сајтот на проектот, кој има верзија на македонски и албански јазик. На веб-сајтот исто така се претставени вести за безбедноста на децата, соопштенија и извештаи за проектните активности.

Порталот користи Слободен софтвер со отворен код (FOSS), како што е системот за управување со содржини „Џумла“ со модулите докмен и галерија. Копии од печатените публикации се чуваат во ПДФ формат, а ОпенОфис.орг се користи за подготовка на дел од документите. За графичкиот дизајн на публикациите се користеа комерцијални ДТП апликации.

Влијание, иновација и резултати

Влијание

Со активностите на проектот беа покриени 50 основни и 20 средни училишта во 12 градови и 7 села низ Република Македонија, со учество на 8482 ученици, 1170 наставници и 1138 родители. Веб-сајтот доби над 9.300 посети за време на првите 10 месеци од работата.

Промоција

Проектот беше претставен во:

Научени лекции

Лекција 1 – Се потврди недостигот на информации за безбедноста и правата на децата на интернет, и формалниот образовен систем мора да го инкорпорира овој вид на содржини во регуларниот наставен план за да ги подготви учениците кои го користат интернетот.

Лекција 2 – Целните групи реагираа во прилог на дистрибуцијата и употребата на печатени публикации, бидејќи многумина до нив сe уште не се запознаени со интернетот и често им е позгодно да читаат од хартија отколку од веб-сајт.

Лекција 3 – Создавањето мрежа од НВОи кои треба да работат со националните и локалните власти и образовните институции е комплексна задача која бара значително планирање, посветеност на деталите и флексибилност.

Назад кон програмата е-Инклузивност

Поврзани натписи