Мени

Слободни и фер избори 2011

Кампањата фокусирана околу Кодексот на однесување за слободни и фер избори 2011 се базира на научените лекции од минатите избори, повикувајќи ги партиските лидери, кандидатите и активистите да се однесуваат во согласност со меѓународните стандарди за избори.

Проектот е интернет-верзија на Кампањата „Слободни и фер избори 2011“, спроведена од Националниот демократски институт за меѓународни работи (NDI) и други домашни граѓански организации. Проектот е придружен сегмент, со оглед на медиумската кампања на високо ниво и локалната кампања на терен. Целокупната кампања за Кодекс на однесување на изборите 2011 ќе претставува постојано јавно потсетување на политичките партии, нивните активисти и граѓаните, за обврската што ја преземаа партиските лидери со потпишувањето на Кодексот на однесување за слободни и фер избори.

Очекувани резултати:

  • Широк публицитет (на интернет) на Кодексот на однесување за слободни и фер парламентарни избори 2011
  • Образовани и информирани гласачи
  • Насилство и заплашување видливи на интернет
  • Кандидати и членови на политички партии запознаени со Кодексот и нивните обврски согласно Кодексот и релевантните законски одредби
  • Подобрена медиумска покриеност за важноста на слободниот и фер изборен процес