Мени
жс

Животна средина

Животната средина е тема на која се става акцент во изминатите години, поради големото загадување, емисија на штетни гасови, проблемот со управување на големи количини на отпад и многу други еколошки проблеми кои се одразуваат на животната средина, а со тоа и влијаат врз квалитетот на живот. Метаморфозис своите активности ги насочи кон едукација и лобирање за подигање на свеста за електронскиот отпад кој е значајно прашање, кога се работи за справување со отпадни материи. Метаморфозис исто така се фокусира и на зелена ИТ чии цели се намалување на штетните материјали, максимизирање на енергетската ефикасност и животниот век на производот и промовирање на рециклирање и биоразградливост на производите и отпадот. Потпрограми во рамките на оваа програма се: е-Отпад и Зелена ИТ.

Потпрограми