Мени

Слободен софтвер

Издавање колекција на локализирани апликации со слободен софтвер во соработка со локалната организација за слободен софтвер. Целта на оваа активност е да се задоволат основните потреби на локалните НВО и на домашните корисници со промоција на слободниот софтвер како ефикасно, рационално и легално софтверско решение за хибридни системи (компјутери со инсталиран Microsoft Windows, кои доминираат и во јавниот и во приватниот сектор).

Пакетот ќе ги задоволи потребите во следните области: канцелариски апликации (работа со текст, табеларни пресметки и др.), пристап на интернет (прегледувач, клиент за е-пошта), организатор, уредување на слики и веб-дизајн, други корисни апликации (за архивирање, мултимедијални), и др. Исто така, содржи програма за инсталирање со пријателски интерфејс и брошура со основни инструкции за секоја од програмите вклучени на ЦДто.

Главните канали за дистрибуција на ЦДто се компјутерските списанија и другите медиуми, библиотеките, Центрите за поддршка на НВО (во 12 градови во Македонија), е-рајдерите и компјутерските компании. Избрани претставници од невладини организации од разни делови на земјата ќе учествуваат на семинарот „обучување на обучувачи“ кој ќе им овозможи да ги обучат членовите на локалната заедница како да го користат Пакетот.

Назад кон програмата Social Innovation – Општествена иновација

Поврзани натписи