Мени
Bardil

Бардил Јашари

Бардил Јашари е директор на фондацијата Метаморфозис (Македонија). Неговите професионални интереси главно се во сферата на новите технологии, медиумите, граѓанскиот активизам, е-владата и учеството. Претходно има работено како координатор на Програмата за информации на Фондацијата Отворено општество - Македонија. На овие две позиции тој има раководено со проекти на национално и меѓународно ниво, во тесна соработка со други меѓународни организации, владини органи, бизнис и граѓанскиот сектор.

Тој е член на Националниот совет за информатичко општество на Македонија и е национален експерт за Македонија на наградата на светскиот самит на ОН. Во минатото тој членувал во работната група за националната стратегија за развој на информатичкото општество и служел како комесар во Агенцијата за електронски комуникации (26.04.2005  -  06.10.2010).

Бардил има магистрирано на Факултетот за јавна администрација при Универзитетот Париз 12 (Франција). Дипл. инженер по информатика – насока информатички системи на Универзитетот во Загреб, Факултет за организација и информатика - Вараждин (Хрватска).

FilipS

Филип Стојановски

Има дипломирано информатика на Универзитетот Грејсленд од САД и магистрирано е-бизнис менаџмент на Универзитетот Париз 1 - Пантеон Сорбона од Франција.

Од 1995 година е активен во македонското граѓанско општество преку волонтерски проекти за заштита на потрошувачите и за е-издаваштво, како и преку професионални ангажмани во својство на експерт за ИТ. Пишува на теми поврзани со информатичко општество за медиумите во Македонија.

Во рамките на Фондацијата Метаморфозис неговите задолженија опфаќаат координирање проекти, истражувања и анализи, како и односи со јавноста. Во 2005 година беше член на Работната група одговорна за Националната стратегија за развој на информатичко општество на РМ.

Elida

Елида Зулбеари

Новинарка и уредничка. Има дипломирано Комуникациски науки и магистрирано Дипломатија на Универзитетот Југоисточна Европа во Скопје.

Работи во Фондацијата Метаморфозис како проект координатор на проекти поврзани со слобода на говорот и со зајакнување на медиумите во Македонија.

Од февруари 2012 таа е главен и одговорен уредник на информативниот портал www.portalb.mk.

Исто така, од 2012 до 2014 година, таа беше главен уредник на албанската верзија на проектот Сервис за проверка на фактите од медиумите factchecking.mk.

Зулбеари беше членка на управниот одбор на Советот за Етика во Медиумите на Македонија од 2014 до 2018.

Vladimir

Владимир Петрески

Уредник на македонскиот Сервис за проверка на факти од медиумите (www.proverkanafakti.mk).

Владимир е новинар и уредник со долгогодишно искуство. Бил дел од списанието Млад борец, Демократски форум, првиот дневен весник - Република, Македонскиот сервис за информации и врски, првата новинска агенција во Македонија која известуваше на англиски јазик (подоцна преименувана во МИЦ - Македонски информативен центар), .

Во последните 5 години, пред да стане уредник на Сервисот за проверка на факти од медиумите, тој бил бизнис уредник во дневниот весник Шпиц (2009-2011), а подоцна и на информативните портали Плусинфо (plusinfo.mk - 2011-2012), Либертас (libertas.mk - 2012) и НоваТВ (novatv.mk - 2013).

MarijaP

Марија Панчевска

Дипломиран економист на департманот финансиски менаџмент на Економскиот Фактултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Нејзините професионални интереси се во сферата на управувањето со финансиите и ревизијата. Нејзиното работното искуство е во областа на управувањето со јавните финансии, сметководството во јавниот сектор, мониторинг на ИПА проекти, како и во активности за имплементација на ИСО стандарди.

Во тимот на Фондација Метаморфозис се вклучува во јули 2017 година како грантов координатор, а од април 2018 година ја извршува функцијата финансиски менаџер. Нејзините одоговорности во Фондацијата Метаморфозис вклучуваат евиденција на трошоци, подготовка на финансиски извештаи за проектите, како и останати тековни работи поврзани со функционирањето на самата Фондација.

Zoran

Зоран Андоновски

Новинар и уредник во повеќе дневни весници. Новинар, дописник од Атина, одговорен и главен уредник на весникот „Нова Македонија“ (1982 – 1998 и 2008 – 2012), одговорен уредник на „Време“ и уредник на „Неделно Време“ (2004 – 2008), уредник и главен и одговорен уредник на „Дневник“ (2012 – 2014)

Координатор за односи со јавност во USAID Decentralization Project in Macedonia (2001 – 2004) и координатор за односи со јавност во канцеларијата на Светска банка – Македонија (1998 – 2001).

Дипломирал на Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик и литература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Основач и член на бордот на Транспаренси интернешнл - Македонија (2001 – 2006) и член на бордот на Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ (2004 – 2006)

Violeta

Виолета Глигороска

Професионална кариера повеќе од 20  години со значително искуство во новинарство, продукција, односи со јавност и раководење на медиумски проекти.

Формално образование има во областа на литературата (додипломски студии) на Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје и бројни обуки специјалистички студии во областите менаџмент на медиуми и комуникации во земјата и странство.

Предходно работела во Фондација отворено општество – Македонија како проектен координатор за медиуми што вклучува: подготовка на годишни и повеќегодишни програмски стратегии; управување со проектен циклус; водење на грант-шеми и оперативни програмски активности; соработка со медиумски донатори и медиуми; соработка и координација на заеднички проекти со други медиумски НВОи од земјата и од странство.

Во рамките на фондацијата Метаморфозис работи како координатор на медиумските проекти.

Lile

Лилјана Пецова – Илиеска

Магистер по филолошки науки. Работи како проектен координатор, со осврт кон добро владеење, транспарентност, отчетност и отвореност на институциите.

Претходно долгогодишно работно искуство во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на личните податоци, каде беше дел и од експертската работна група на Меѓуресорското тело за заштита на човекови права на РМ.

Автор е на неколку научни трудови за заштита на личните податоци, со експертиза во подготовка на стратешки документи и комуникациски планови. Дел е од заедницата за заштита на приватноста со интерес кон секторот „безбедност и следење“.

Член на заедницата на SEEDIG и EuroDig , како и еден од основачите на Форумот за управување на интернет во Македонија.

Rizaov

Горан Ризаов

Проектен координатор во Фондацијата Метаморфозис, инаку професионален новинар со повеќегодишно искуство во печатените и електронски медиуми. Работи главно на проекти поврзани со добро владеење, отворени податоци, анализа и визуелизација на податоци.

Горан беше стипендист за професионална надградба во 2011/2012 година, кога на Факултетот за новинарство и масовни комуникации „Волтер Кронкајт“ во Феникс, САД студираше новинарство базирано на податоци и онлајн медиуми. Тој е дипломинар новинар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во 2015 година ја доби наградата за истражувачко новинарство „Никола Младенов“.

ElenaT

Елена Трифуновска

Магистер по комуникации со долгогодишно искуство во областа на заштитата на приватноста. Во периодот од 2005 до 2014 година работи како советник за меѓународна соработка и за односи со јавноста во Дирекцијата за заштита на личните податоци, а оттогаш наваму како аналитичар и истражувач во областа на заштитата на личните податоци. Покрај правото на приватност во нејзиното поле на интерес се и медиумската регулатива и информациско – комуникациските теории.

Од 2016 година е дел од тимот на Фондација Метаморфозис како координатор на грантови на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Покрај тоа, активно придонесува во проектите кои се тесно поврзани со заштитата на приватноста како човеково право.

Anita

Анита Милановска

Има дипломирано деловна економија на универзитот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Најголемиот дел од нејзиното работно искуство е во областа администрација и финансии во меѓународни компании, како и во буџетски финансии во образование.

Во Метаморфозис е вработена од февруари 2014. Нејзините одговорности во Фондацијата  вклучуваат административни работи и евиденција на трошоци како и подготовка на финансиски извештаи за проектите.

ElenaS

Елена Стојанова

Дипломиран инженер при Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола.

Во тимот на Фондација Метаморфозис се вклучува во март 2018 год. како административно – финансиски асистент. Нејзините обврски вклучуваат активно учество во тековните проекти во Метаморфозис во делот на администрација и финансии. Исто така свој придонес дава во останати тековни административни работи поврзани со функционирањето на Фондацијата.

Претходното нејзино работно искуство  е во делот на осигурување (неживотно), прво како Агент за осигурување, а подоцна се вклучува во постапките за Јавни набавки (изработка и достава на финансиски понуди, учество на електронски аукции и сл.) преку ЕСЈН (Електронски систем за јавни набавки) во Осигурителна компанија во Македонија.”

FilipN

Филип Нешкоски

Веб администратор во Фондацијата Метаморфозис. Има дипломирано на Машински факултет во Скопје, насока Индустриско инженерство и менаџмент.

Во минатото работно искуство се вбројуваат изработка на веб страници и развој на бази на податоци, учество во активности за контрола на квалитет и имплементација на ИСО стандарди.

Во Метаморфозис е задолжен за развој и администрација на веб решенија, безбедност и техничка логистика на информацискиот систем на Фондацијата како и поддршка на проекти.

Goce

Гоце Арсовски

Психолог и истражувач, проектен асистент во Фондацијата Метаморфозис.

Вклучен во истражувачките активности на Фондацијата, тој го применува своето истражувачко искуство од областа на маркетингот и анализата на податоци во проекти како ACTION SEE - Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа, D.A.T.A. - Аналитика на податоци за транспарентност и отчетност, и многу други.

Професионалниот интерес и вклученоста се главно насочени во областите на методологијата, статистиката, истражувачките инструменти како и можностите за користење нови технологии во истражувањето.

Студент на постдипломски студии на политики на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.

Dragan

Драган Куциров

Дипломиран толкувач од македонски на англиски јазик и обратно и од француски на македонски јазик и култура на Катедрата за преведување и толкување при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Најголемиот дел од работното искуство го има стекнато преку преведување и локализирање документи, публикации, веб-локации и платформи, толкување на состаноци, настани и обуки и тоа од англиски на македонски и обратно.

Во Фондацијата Метаморфозис е ангажиран како преведувач и локализатор на повеќе веб-платформи, печатени и онлајн изданија и публикации. Покрај редовните ангажмани за преведување, Драган е исто така и уредник македонската верзија на „Глобал војсис“.

Valon

Валон Абдиу

Дипломиран инженер по информатика, на Факултетот за Природно-Математички науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Има долгогодишно искуство (од 1999 година) во работа со меѓународни организации во Македонија, вклучувајќи ја и Мисијата на ОБСЕ во земјата, во позиции на проектен координатор, виш административен асистент и преведувач.

Во периодот 2009-2011, работеше како асистент на отсекот по информатика, при ПМФ на Универзитетот во Тетово. Истовремено беше и координатор на Еразмус програмата за размена на студенти во овој Универзитет.

Со Метаморфозис соработува од 2009, а од 2011 е редовно ангажиран како преведувач на содржините кои се објавуваат на сајтовите на соодветните проекти. Од август 2017 е координатор на проектот ”Techsoup” за регионот на Македонија, Албанија и Косово. Исто така, го координира проектот “Meet and Code” во рамките на европската недела за програмирање (EU Codeweek).

MarijaV

Марија Василевска

Магистар по финансии и финансово право од Правниот факултет ”Јустинијан Први” во Скопје каде што има ја има стекнато дипломата по правни студии.

Во рамите на Фондацијата Метаморфозис е дел од проектниот тим на проектот на УСАИД за граѓанско учество како специјалист за мониторинг и евалуација. Нејзините професионални интереси се евалуација и мониторинг на образовни институции на ниво на Европска Унија според европските стандарди и критериумите утврдени во 2005 година.

Претходното работно искуство и е поврзано со медиуми и работа на полето на човековите права и демократијата на различни проекти.

Emilija

Емилија Ѓорѓиевска

Има дипломирано економија на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје и магистрирано бизнис администрација на Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, Швајцарија. Претходните работни искуства вклучуваат ангажмани од сферата на синдикалната социјална политика и преговарање како и финансиите и банкарскиот сектор.

Работи во Фондацијата Метаморфозис како грантов администратор во склоп на Проектот за граѓанско учество поддржан од УСАИД. Работните активности опфаќаат, поддршка и менторство на грантисти, следење и анализа на проекти како и спроведување на финансиската компонента на програмските буџети.

Olivera

Оливера Војновска

Политички новинар со речиси  25  години работно искуство.  Новинарската кариера ја почна во дневниот весник  „Нова Македонија“, каде работи во периодот од  1993 до 1999 година,  а потоа од 1999  до  2011 година продоллжува во „Утрински весник“.

Последните неколку години е  ангажирана на проекти поврзани со професионалните и етички стандарди во новинарството, како и на проекти за отчетност и добро владење. Од 2013 до 2015 година е рецензент во „Сервисот за проверка на факти од медиумите“, а од декември 2015 година е уредник во „Вистиномер“.

Има завршено Градежен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Saso

Сашо Спасоски

Во „Метаморфозис“ е од март 2016 година, кога почнува да работи како новинар во „Вистиномер“, а во јануари 2017 година станува и новинар во новинската агенција „Мета“.

Речиси непрекинатата новинарска кариера ја почнува во јуни 1996 година во весникот „Дневник“, каде е преведувач и новинар, а потоа и уредник. Следниот ангажман му е во весникот „Време“, каде е новинар и уредник, по што станува дел од уредничкиот тим што го формира весникот „Шпиц“, каде малку подоцна е назначен првин за помошник, а потоа и за заменик на главниот и одговорен уредник. По згаснувањето на „Шпиц“, кариерата ја продолжува во новинскиот сајт „Плусинфо“.

Simona

Симона Атанасова

Дипломиран новинар. Во Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ работи како новинар во новинската агенција „Мета“. Таа е дел од „Мета“ од самото нејзино формирање во ноември 2014 година. Претходно била дел и од проектот Сервис за проверка на факти од медиумите. Како новинар има работено и во дневниот весник „Нова Македонија“ и Студентското радио.

Има дипломирано на Правниот факултет Јустинијан први во Скопје во 2011 година.

Silvana

Силвана Жежова

Новинар во новинската агенција meta.mk од 2015 година. Во рамките на проектите на Метаморфозис, таа беше соработник на Севисот за проверка на факти и „Опсерваторија на медиумските реформи“.  Дипломирала на интердисциплинарните студии по новинарство на Правен факултет Скопје. Нејзиното работно искуство како новинар и уредник во некои од медиумите е повеќе од 15 години. Претходно работела во неделниците „Капитал“, „Глобус“ „Форум“, „Лајф“, новинската агенција „Макфакс“.

Suad

Суад Бајрами

Дипломиран професор по албански јазик и книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методи – Скопје.
Работи во Фондацијата Метаморфозис како новинар во медиумските проекти. Од 2015-та година, ангажиран како новинар работи во Порталб.мк.

Fatbarda

Фатбарда Цури

Дипломиран психолог на Филозофскиот факултет на тетовскиот Универзитет. Во Фондацијата Метаморфозис е ангажирана во медиумските проекти. Од 2017 година, работи како новинарка во Порталб.мк.

Lindita

Линдита Бакиу

Дипломиран преведувач од албански на македонски јазик и обратно на Универзитетот Св. Кирил и Методиј– Скопје. Во Фондацијата Метаморфозис работи како преведувач на дневните текстови. Од 2017-та година e ангажиранa како преведувач и новинар во Порталб.мк.