Мени

Зошто е-отпадот претставува проблем?

Одговорност на производителитеПроблем 1: Лош дизајн и агресивен маркетинг од компаниите кои произведуваат електронски и електрични уреди. Модерните уреди многу брзо стануваат застарени и отфрлени. Иновациите, како минијатуризација, резултираат со се помали и пофункционални уреди, кои се потешко се надградуваат или расклопуваат за рециклирање. Како надополнување на технолошките напредувања, агресивните маркетинг кампањи за електронските и електрични уреди не тераат да размислуваме за нашата сè уште функционална опрема како стара по само една или две години користење, што придонесува за неприроден циклус на замена на уредите.

Сите уреди се дизајнирани за да ги фрлите кога ќе завршите со нив. Но каде да ги фрлите? Секако, тоа место не постои навистина! (Мекдонах и Браунгарт 2002)“

Проблем 2: Електронските и електрични уреди содржат многу токсични супстанци, што го прави е-отпадот токсичен. Повеќе од 1000 материјали се користат за да се направат нашите електронски гаџети и нивните компоненти – проводниците за чиповите, матичните плочи, дисковите итн. Многу од нив се токсични, меѓу кои ПВЦ, тешки метали (како  олово, жива, арсен и кадмиум), хексавалентен хром, пластика и гасови кои се штетни за човековото здравје и животната средина доколку не се раководат соодветно. Депониите се најчестото место каде што завршува е-отпадот, а дури и најсовремените депонии не успеваат да спречат истекување на тешките метали и други токсични супстанци во почвата и водите.

Проблем 3: Електронските и електрични уреди содржат многу скапоцени и ретки материјали. Покрај штетните, токсични супстанци, електронските и електрични уреди содржат и други супстанци кои се од голема вредност. Поголемиот дел од скапоцени супстанци се наоѓаат во шемите на печатено коло (printed circuit boards). Во компјутерите може да се најде железо, алуминиум, бакар, олово, никел, лим, злато, сребро, платина и паладиум. Металите и другите скапоцени супстанци може да се најдат и во други електронски компоненти, како бакар во жиците и железо и алуминиум во уредите за домаќинството.

„Повеќе злато може да се одвои од тон користени шеми на печатено коло, отколку од 17 тони од руда злато (Гросман 2010)“

Рециклирај го е-отпадотПроблем 4: Поголемиот дел од е-отпадот е раководен несоодветно, со што заедниците и животната средна се жртва на токсичниот и лош дизајн. Е-отпадот е тешко да се употреби повторно и да се рециклира, бидејќи содржи компоненти кои се штетни и тешки за обработка. Многу од нашите несакани уреди завршуваат (нелегално) на депониите, во печките за палење заедно со останатиот комунален отпад или пак се отфрлаат на некој друг, несоодветен начин. Земајќи ја во предвид штетната природа на некои од материјалите во електронските и електрични уреди, лошото раководење со е-отпадот значи дека луѓето и животната средина ја плаќаат цената за токсичниот и лош дизајн на компаниите.

Поврзани натписи