trosociКако една од граѓанските организации во Македонија која цврсто се залага за примена на принципите на Доброто владеење, особено принципите на отчетност, транспарентност и отвореност, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, го поздравува потегот на Владата за воведување на електронската алатка за прикажување на трошоците на министерствата и другите институции од централната власт.

Потсетуваме дека за целосно исполнување на овие принципи потребно е податоците да се објават на начин и во форма кој ќе овозможи нивна додатна анализа и користење од страна на сите заинтересирани страни, особено од страна на македонските даночни обврзници за чии пари всушност се однесуваат самите податоци. Поради тоа препорачуваме трошоците да се објават во машински читлив формат.

Со почит,

Фондација Метаморфозис

Сподели: