За потребите на проектот Центар против дезинформации на Западен Балкан: разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство, Фондација Метаморфозис објавува Регионален повик за ангжирање геополитички аналитичар.

Општа цел на овој ангажман е да се истражи, сумира, синтетизира, мапира и споредува протокот и моделите на дезинформации во земјите од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и регионот како целина.

Рокот за пријавување е 26 јануари 2024 година. Повеќе детали за задачите, одговорностите и критериумите за пријавување ќе најдете тука

Сподели: