Првата публикација е четвртото издание на ИКТ Водичот чија тема е Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме. Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите.

Втората публикација е книгата Насоки за информaциска сигурност од група автори. Како и Водичот книгата е достапна во електронска форма во форматот ПДФ и е објавен со користење на лиценца од Криејтив комонс.

Обете публикации се подготвени во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и деловното опкружување, како базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество.