Како дел од своите напори за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).
Вештините со кои ќе се стекнат избраните организации вклучуваат:
- Поефикасно канцелариско работење и раководење со/спроведување проекти преку користење ИКТ
- Стратешко користење на друштвените медиуми
- Практики за безбедна интернет комуникација.
Во текот на целиот процес организациите ќе имаат можност да работат со експерт во областа, кој ќе ги идентификува нивните специфични потреби и врз основа на резултатите ќе предложи алатки и дополнителни обуки насочени кон подобрување на ефикасноста на организацијата.
Периодот на спроведување на активностите е од ноември 2013 до февруари 2014 година. Ќе бидат опфатени 10 организации, а предност ќе имаат организациите кои ќе покажат подготвеност за користење на сите вештини опфатени со обуките
Рокот за пријавување е 18 октомври, 2013 година.
За дополнителни информации може да се обратите до Бардил Јашари преку е-пошта, на bardhyl@metamorphosis.org.mk или на телефон 02/3109-325.
Сите заинтересирани организации треба да го пополнат овој формулар (на албански).
Сподели: