Метаморфозис и локалната канцеларија на Microsoft за Албанија во соработка со движењето Mjaft!, на 18 јуни во хотелот Tirana International организираа ден посветен на невладиниот сектор: „Биди иницијатор на промените“.

Целта на настанот посветен на невладините организации беше воведување опции што обезбедуваат информатички и комуникациски технологии (ИКТ), но и да им се овозможи на невладините да дознаат повеќе околу искористувањето на можностите понудени од страна на програмата Microsoft Youth Spark и апликациите за сајбер-грантови (грантови за лиценциран софтвер бесплатно).

ngodaytirana

Настанот го отвори Бардил Јашари, директор на фондацијата Метаморфозис од Македонија, кој ја претстави работата што ја врши Метаморфозис за поддршка на НВО секторот да ги зголеми своите капацитети за стратешко користење на ИКТ. Исто така, истакна дека поддршката на Microsoft е важна од два аспекта: 1) можност за НВО во Албанија да користат квалитетен софтвер од најновата генерација и 2) намалување на пиратеријата.

Во своето воведно обраќање, г. Агим Бекај, Country Manager, Microsoft Албанија, ги охрабри присутните да ги користат можностите што Microsoft сега ги нуди и во Албанија и направи кратко резиме за можностите и програмите кои ги нуди Microsoft за невладини организации.

ngodaytirana_2

Претставникот од Метаморфозис, Мерџан Емини, веб-програмер, претстави бројни опции кои можат да ги користат невладините организации во зависност од нивниот профил и објасни дека иновациското користење на технологиите може да го промени начинот на живот, бидејќи тие нудат пократок пат, со помалку трошоци за постигнување на целта. Тој го предложи моделот „Истражувај, постапи и влијај“, според кој, во зависност од соодветната мисија, овие организации ќе бидат во можност да дознаат за многуте можности што ги нуди технологијата, да ги користат во зависност од природата на мисијата и да извршат мерење на влијанието со цел да ги анализираат реакциите на граѓаните.

Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Microsoft Македонија и Косово ја претстави програмата Microsoft Youth Spark чијашто цел е да им помогне на невладинитe организации во остварувањето на нивниот целосен потенцијал. Г-ѓа Адеми објасни дека организациите кои сакаат да аплицираат за помош и грантови од Microsoft можат да ја посетат веб-страницата наMicrosoft со ресурси за невладините организации.

На последната сесија говореа г. Арбен Муртај, техноло
шки стратег и г-ѓа
Елона Џафери,програмски менаџер за образование во Microsoft Албанија. Г. Муртај зборуваше за Cloudможностите што ги нуди Microsoft Office365, со акцент на продуктивноста и соработката во рамки на самата организација, како и соработката со другите НВОи. Г-ѓа Џафери обезбеди детални упатства за процесот и ги информираше присутните за правото за аплицирање.