Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис денеска потпиша меморандум за соработка со Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари го потпиша меморандумот за соработка за поддршка на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование со Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски.

Извор на фотографија: Кабинет на Претседателот на РСМ

Соработката со Претседателскиот центар за политичко образование и Фондацијата Метаморфозис ќе даде дополнителнo важно унапредување на напорите на Фондацијата во отпорот против опасноста од дезинформациите во Северна Македонија. Воедно, оваа соработка ќе отвори нови можности за соработка меѓу двете институции и на други полиња, што исто така ќе придонесе за зајакнување на демократијата во нашата земја. Пристапот на Метаморфозис од неговото формирање е и останува, дека со соработка, споделување знаења, искуства и ресурси, може да се постигне успех во надминување на предизвиците на времето. Во тој дух е и соработката со Претседателскиот центар за политичко образование“, изјави извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Со потпишаниот меморандум за соработка е предвидена поддршка на Кабинетот на претседателот во реализација на активности на тема отпорност на дезинформации во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование, чија работа се одвива под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, информираат од претседателскиот кабинет.

Согласно меморандумот, соработката ќе се одвива со заедничка реализација на активности и настани, спроведување на истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции, како и други активности со цел јакнење на капацитетите.

Сподели: