Се приближува крајниот рок за пријавувањето на идеите за „Meet and Code 2019!“ – 8 септември 2019. Настаните кои што ќе се изберат ќе добијат грант од 300 евра за нивната организација!

Работилници за програмирање, хакатони, предавања, натпревари, ноќи за програмирање, часови за роботика, итн. Ова се само некои примери на настани кои можат да се организираат и да добијат грантови од 300 евра! Вашата имагинација е границата.

Пријавување на настаните до: 08.09.2019

www.meet-and-code.org

Регистрирајте ја вашата организација и пријавете го настанот

Дали сте непрофитна организација и би сакале да организирате настан каде ќе се промовира програмирањето за деца и млади на возраст од 8 до 24 години? Доколку имате идеја за настан ве охрабруваме да ја регистрирате вашата организација сега! Ќе треба да доставите документи за да докажете дека сте непрофитна организација (Статут на организацијата и Тековна состојба од ЦРМ), како и број на банкарската сметка на организацијата.

Пред да испратите идеја за некој настан, потребно е да креирате сметка на организацијата и да изберете корисничко име и лозинка. Благодарение на ова, корисникот ќе може да се логира во неговата сметка и да управува со неа. Секоја поднесен настан ќе се оценува во согласност со усвоените критериуми, а организацијата ќе биде информирана за одлуката преку е-пошта.

Услови за учество

Проверете кои се условите за аплицирање за грант за „Meet and Code“ и кои се критериумите за избор на доставените идеи.

Meet and Code Award („Meet and Code“ Награда)

Оваа година, „Meet and Code“ ќе ги наградува најдобрите настани и ќе ги прикаже нивните активности на поширокта публика. Наградите ќе се поделат во три категории:

  1. Girls do IT! (Девојки во ИТ!)

Темата за еднакви можности и родова еднаквост има важна улога во денешното општество. Оваа категорија награди има за цел да го затвори родовиот јаз во ИТ и кодирањето. Ние сме во потрага по креативни настани кои ги рушат родовите стереотипи и ги оснажуваат девојчињата да кодираат. Примери за настани во оваа категорија би биле “Robotics for girls” или “Code like a girl with Snap!”.

  1. Diversity (Pазновидност)

Животот е разновидност. Само разновиден и инклузивен свет може да ја обезбеди нашата иднина. Во категоријата Разновидност ги бараме најдобрите идеи за настани кои ќе ги инспирираат децата и младите. Не само за ИТ и кодирање, туку и за свет со еднакви можности и почитување Со ова, ние мислиме на разновидност кај културна, религиозна и етничка заднина, возраст, род, сексуална ориентација родов идентитет или родово изразување, ментални и физички можности и различни услови за живеење и работење. Настаните на Meet and Code од оваа категорија помагаат да се намалат нееднаквостите и да се промовира ЦОР10. На пример, тие би можече да ги адресираат малолетните затвореници или да се фокусираат на користењето ИТ од страна на лица со пречки во видот и слухот.

  1. Code for the Planet (Кодирај за планетата)

Земјата и нејзината животна средина претставува нежен и сложен систем кој има потреба од грижа. Настаните во оваа категорија комбинираат кодирање и дејствија за планетата. Фокусот треба да биде ставен на тековните прашања и тешкотии поврзани со животната средина со цел да се подигне свеста на младите за овие теми. Сите настани по кодирање кои го подобруваат образованието за климатските промени преку подигање на свеста за оваа тема се вреден придонес кон ЦОР 13. На пример, настаните во оваа категорија може да се однесуваат на мерење на загадувањето на воздухот или алатки за енергетска ефикасност.

 

  1. Code for your community (Кодирај за твојата заедница)

Локалната заедница е сигурносна мрежа за луѓето кои живеат во неа. Настаните од оваа категорија ги земаат предвид локалните аспекти и обичаи и посветуваат внимание на потребите кои се специфични за заедницата. Настаните треба да спојат луѓе со исти цели, интереси и соседства преку страста да се „собираат и кодираат“ (“meet and code”)! На пример, настаните во оваа категорија би можеле да работат на платформа за Вашето соседство.

 

Во секоја категорија ќе се изберат пет настани и двајца претставници од секоја организација ќе бидат поканети на дводневниот завршен настан во седиштето на SAP во Валдорф, Германија. Дополнително, добитникот на првата награда од секоја категорија ќе добие награда од 2.000 евра.

Ова иницијатива е развиена од „Haus des Stiftens gGmbH“ – Германија, а финансиски подржана од германската компанија САП, со седиште во Валдорф.

Доколку имате прашања или ви требаат дополнителни информации слободно контактирајте нè на: macedonia@meet-and-code.org (лице за контакт: Валон Абдиу, тел: 070-33-55-22).

Сподели: