Базата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер (КОМСПИ) како официјален регистер во кој општините законски се обврзани да ги пријават начините на кои објавуваат информации, беше земена како основен извор на информации.

Покрај базата на КОМСПИ беше користен и веб-сајтот на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (МЛС), односно нивната интерактивна мапа на сите општини од РМ како и македонскиот портал Маседониа Срч и американскиот пребарувач Гугл.

Главна претпоставка на истражувањето беше дека веб-сајтот е јавно гласило кое општината го креира и администрира во рамките на своите надлежности. Поради тоа основниот параметар при испитувањето беше дали ЕЛС ја исполнуваат законската обврска да „покрај македонскиот јазик во службена употреба“ употребуваат и други локални јазици при комуникацијата со граѓаните преку општинскиот веб-сајт.

За секој функционален сајт во табела беа забележувани одговорите на следните прашања:

  • На кои јазици функционира сајтот и до кој степен?
  • Дали понудените информации се само статички или има и секција за редовни вести?
  • Кога последен пат е ажуриран сајтот и дали основните информации се очевидно неточни?
  • Дали има информации од областа на слободен пристап до информации од јавен карактер и политика за приватност?

Непостоењето или нефункционалноста на обврзните јазични верзии беше земено како важен параметар при определување на нивото на функционалност.

Од истражувањето беа изведени следниве заклучоци:

  • Голем дел, или околу половина од општините, не ги користат своите веб-сајтови за информирање на граѓаните, а десетина општини кои имале веб-сајтови во последните неколку години ги имаат затворено.
  • Значителен дел од општините кои имаат повеќе од еден службен јазик не ги користат сите службени јазици за комуникација преку Интернет, намалувајќи ги можностите за разбирање со сите нивни граѓани.

Оттука беа изведени и следниве препораки:

  • Неопходно е воспоставување и спроведување обврзни стандарди за присуство на веб на сите јавни институции, со кои ќе се дефинира минималното ниво на содржини и ритам на ажурирање за да се обезбеди проактивно информирање на граѓаните за работата на единиците на локалната самоуправа.
  • Обврската за објавување на податоци од областа на пристап до информации од јавен карактер, условите за користење и политиката за приватност треба да бидат обврзен дел од ваквите стандарди.
  • Заради нивна јавен увид и лесно пронаоѓање потребно е воспоставување процедури за информирање за нивното присуство на веб од страна на општините кон надлежните државни тела.

Доколку сакате да го видите целиот извештај кликнете тука

Сподели: