Летниот камп на Школата за податоци се одржа во Отава, Канада (24-26 мај, 2015). Школата за податоци е широка мрежа составена од различни компоненти: локални претставници, централен тим од фондацијата Open Knowledge, стипендисти, ученици и други. За време на Летниот камп на Школата за податоци 2015 беше избран Преоден управен одбор за да ги води меѓународните активности на мрежата на Школата за податоци. Сите белешки од состаноците на Управниот одбор се достапни овде. Мандатот на одборот ќе трае една година. Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис со 5 гласа беше избран во Преодниот управен одбор како претставник на мрежата на Школата за податоци.
Сподели: