Обуката беше организирана од Фондацијата Метаморфозис во соработка со Computer Aid International, а присуствуваа лидерите на партнерските НВОи од проектот BEWMAN – од Македонија (Метаморфозис), Србија (Protecta), Бугарија (BlueLink) и Хрватска (Zamirnet).
Хејли Боукок (од организацијата Computer Aid International од Обединетото Кралство) ја водеше обуката, пренесувајќи знаење и научени лекции од ЕУ и од други места во областа на управување со е-отпад и застапување. Партнерите во проектот BEWMAN сега ќе можат да го пренесуваат стекнатото знаење и вештини на членовите на соодветните национални мрежи вклучени во работата на BEWMAN.
Освен партнерите во проектот, на обуката присуствуваа и двајца надворешни експерти, давајќи интерактивни презентации за нивната работа и стручност во областа на управувањето со е-отпад. Тоа беа Стефан Ардити, советник за политики за отпад, од Европското еколошко биро (со седиште во Брисел) и Дејвид Рошат, поранешен член на EMPA, сега консултант од SOFIES (со седиште во Женева), со искуство во управувањето со е-отпад во земјите во развој.
Некои од клучните пораки на обуката:
- Е-отпадот е најбрзо растечкиот од сите текови на отпад
- Лошиот дизајн на електрониката значи дека е-отпадот е токсичен и со него потешко се управува отколку со многу други видови на отпад
- Лошото управување со е-отпад може да придонесе за загадување на животната средина и штетно да влијае врз здравјето на граѓаните во регионот
- Е-отпадот содржи многу вредни материјали и нивното безбедно рециклирање отвора можности за вработувања и економски придобивки за регионот
- Влијанието што електрониката го има врз животната средина и здравјето на луѓето може да се минимизира преку активностите со кои на производителите на електроника им се наметнува одговорност за нивната опрема низ целиот животен циклус на производот и со кои потрошувачите се поттикнуваат повторно да ја употребуваат функционалната опрема и да го држат е-отпадот надвор од депонијата.
Следните чекори во проектот BEWMAN се распространување на националните истражувања (со кои се истражува состојбата со е-отпадот во секоја од партнерските земји) и да се спроведе серија од национални јавни настани за подигнување на свеста за проблемот со е-отпадот и да се притиска за подобра политика и практика за управување со е-отпадот во регионот.
Сподели: