Свеченото отворање со учество на високи претставници на Делегацијата на ЕУ и Владата на РМ е закажано за 10 часот, а настанот ќе опфати воведни излагања и дебати, при што работниот дел ќе трае до 14 часот.

Целта на конференцијата е споделување на искуствата од проектот МЕК и сознанијата на сите заинтересирани страни кои работат на развој на локална демократија и меѓуетнички односи. На конференцијата е предвидено да учествуваат градоначалници, претставници од општинската администрација и од комисиите од 4 пилот-општини (Гостивар, Дебар, Тетово и Чаир) опфатени со МЕК, од другите мултиетнички општини кои се обврзани да имаат КОЗ, како и носители на одлуки од централната власт и локалната власт, ЗЕЛС, дипломатскиот кор, развојни агенции, организации од граѓанското општество, домашни и странски експерти, како и медиумите.

Доколку сте заинтересирани, вашето учество можете да го потврдите преку Интернет на http://mek.mk/mk/prijavuvanje или преку директен контакт со Фросина Тасевска, преку е-пошта на frosina@metamorphosis.org.mk или на телефон/факс 02/3109-325.

Сподели: