Најди! е единствениот македонски пребарувач. И покрај тоа што сè уште работи во бета верзија, Најди! индексира повеќе од 360 000 страници на македонски и 30 000 страници на англиски. Во блиска иднина се очекува зголемување на бројот на индексираните страници.

Интерфејсот на Најди! е лесен за користење, без графички компоненти и има мало време на вчитување. Нуди голем број на опции што помагаат во оптимизирање на пребарувањето. Не е многу често посетен, има по 26 посети дневно, но со надеж дека бројот на посетите ќе се зголеми со бројот на индексираните страници. Пребарувачот е фокусиран на ограничен број на сајтови кој од ден на ден е сè поголем. Сајтовите се индексираат детално со зачувување на разни текстуални елементи, како што се насловите, изворот и др.