Како дел од Меѓународните денови за акција кои се одржуваат од 26 до 29 септември 2014 година, денес во ГЕМ клубот во Скопје, со почеток во 11:00 часот, Метаморфозис одржа настан. Настанот имаше за цел да ја подигне јавната свест на темите надзор, надгледување, слобода на изразување на интернет и заштита на човековите права.

DSC_7599
Филип Стојановски, програмски координатор во Метаморфозис ги презентираше барањата на движењето „Слобода наместо страв“, а потоа се разви дискусија при што присутните споделуваа искуства и ставови. Во рамките на дискусијата Билјана Волческа, претставник од Дирекцијата за заштита на личните податоци, ги презентираше нивните институционални искуства, законската рамка и практиката на тема право на приватност.

DSC_7722

На настанот беа присутни претставници од јавни институции, невладиниот сектор и граѓански активисти. Овој настан беше еден од низата настани кои се одржуваат ширум Европа овие 4 дена. За другите настани може да дознаете повеќе преку www.freedomnotfear.org.

Сподели: