Учесниците имаа можност да се запознаат со добри практики за безбедно и анонимно сурфање, заштита и криптирање на е-пораки, користење на огнени ѕидови (firewall) и безбеден пристап до безжични мрежи. Програмата на обуката се состоеше од четири целини:
- Мрежна безбедност
- Социјален инженеринг и социјално вмрежување
- Безбедно прелистување и огнени ѕидови
- Е-пошта и безбедност на инстант пораки – онлајн разговори
Обуката ја посетија дваесетина активисти од десет организации, кои од сега ќе имаат можност да ги користат техниките за заштита при интернет комуникација.
Оваа обука е дел од проектот на Метаморфозис за поддршка на невладини организации за стратешко користење на ИКТ.
Следни обуки:
- Друштвени медиуми за одредена кауза
- Клауд-технологии за невладини организации
Дополнително, Метаморфозис ќе и помогне на секоја НВО да развие план за технологија.
Сподели: