Обуката имаше за цел да се прикажат добри практики и модели за транспарентност во однос на распределбата и трошењето на буџетот на општините кои би можеле да бидат превземени и применети од страна на општините во Република Македонија. Воедно на обуката биде претставен и веб-сервисот „Следи ги парите“ (www.sledigiparite.mk) и можноста истиот да се користи од страна на општините. Овој веб-сервис преку едноставно и транспарентно прикажување на приходите и расходите на општините од 2008 година, па до денес има за цел да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните.
На обуката присуствуваа по три претставници од 11 општини: лице одговорно за буџетот на општината, лице задолжено за односи со јавност и веб администраторот на општинскиот вебсајт.
Сподели: