Како дел од своите напори за јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, Фондацијата Метаморфозис објавува повик за фондации, здруженија на граѓани и други облици на формално и неформално граѓанско здружување за учество во серија на обуки кои ќе придонесат за унапредување на нивните активности и мисија преку користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).
Вештините со кои ќе се стекнат избраните организации вклучуваат:
- Поефикасно канцелариско работење и раководење со/спроведување проекти преку користење клауд технологии (технологии во „облак“)
- Стратешко користење на социјалните медиуми
- Практики за безбедна интернет комуникација.
Во текот на целиот процес организациите ќе имаат можност да работат со експерт во областа, кој ќе ги идентификува нивните специфични потреби и врз основа на резултатите ќе предложи алатки и дополнителни обуки насочени кон подобрување на ефикасноста на организацијата.
Периодот на спроведување на активностите е април-октомври 2013 година. Ќе бидат опфатени 10 организации, а предност ќе имаат организациите кои ќе покажат спремност за користење на сите вештини опфатени со обуките.
Рокот за пријавување е 24 март, 2013 година.
За дополнителни информации може да се обратите до Елена Игнатова, проектен координатор, на elena@metamorphosis.org.mk или на телефон 02/3109-325.
Рокот за пријавување е изминат и процесот е затворен.
Сподели: