Од 29 до 31 октомври, 2014 година, во Хотел „Дрим“ во Струга се одржа обука на тема „Пристапување кон Европската Унија“. Обуката ја проследија грантистите од проектот „Акциска мрежа за добро владеење“.

DSC_8224

Цели на одржаната обука се унапредување на знаењата на претставниците на граѓанските организации со однос на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија; зголемување на капацитетите на граѓанските организации за ефективно користење на средства од расположливите европски фондови и зголемување на капацитетите на граѓанските организации за ефективно делување во секторот демократија и добро владеење.

DSC_8216

На обуката Александар Колекески и Бојан Маричиќ од МЦЕО (Македонски центар за европско образование) го споделија своето знаење од областа задржувајќи се на повеќе аспекти. Некои од темите за кои тие зборуваа, а учесниците имаа прилика да учествуваат во дискусија и практични вежби, се: преглед на институции на ЕУ и начинот на донесување на одлуки; Европа 2020 и ударни иницијативи; програми на Заедницата – кус преглед за резултатите и проблемите; а третиот ден се фокусираа на програмите на Унијата- Европа за граѓаните и Креативна Европа како и на користењето на е-алатки и пребарувачи за припрема на апликации.

DSC_8211

Одржаната обука е дел од превидените обуки кои ќе се одржат во наредниот период, во рамки на проектот „Акциска мрежа за добро владеење“, кој е спроведуван од Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со МЦЕО и Реактор – истражување во акција, а со финансиска помош од Европската комисија преку програмата IPA CIVIL SOCIETY FACILITY (CSF) 2012-2013.

Сподели: