Новинарите-рецензенти ќе бидат дел од тим на новинари кои ќе идентификуваат важни дневни вести, ќе спроведуваат рецензии на таквите содржини и повремено ќе пишуваат подолги написи за јавна едукација во врска со имплементацијата на новинарските стандарди.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат завршено студии од областа на новинарството, комуникологијата или сродна област;
  • како основа на својот професионален ангажман во сферата на медиумите го прифаќаат Кодексот на новинари на Македонија или друг еквивалентен кодекс на етички и професионални стандарди усвоен од релевантна организација на новинари (оваа заложба за прифаќање на стандардите за саморегулација треба да се објасни во рамките на мотивационото писмо);
  • да имаат минимум 2 години работно искуство во полето на медиумите;
  • да имаат аналитички способности;
  • добро да го владеат пишаниот македонски или албански литературен јазик.

Предност при изборот ќе имаат кандидатите кои:

  • моментално не се во работен однос во медиум од Македонија;
  • се членови на професионални здруженија на новинари кои се залагаат за унапредување на професионалните стандарди;
  • можат на професионално ниво да ги следат и рецензираат медиумите на македонски или на албански јазик.

Кандидатите треба да испратат кратка биографија и писмо за мотивација, како и линкови до 3 сопствени статии или скенирани објави, преку е-пошта на info[at]metamorphosis.org.mk.

Рокот за пријавување е 28 март 2013 година.

Метаморфозис овозможува еднакви можности и фер и непристрасен третман при ангажирање соработници, без разлика на нивната раса, боја, пол, етничко потекло, возраст, попреченост, политичка поврзаност, брачен статус или сексуална ориентација.

——————————————————————————————————————————-

Целта на проектот, поддржан од американскиот народ, е да се зголеми моќта на граѓаните на Македонија да бараат одговорност од страна на медиумите и да им помогнат на новинарите во исполнувањето на нивните професионални стандарди, преку онлајн-алатки за јавна едукација и подигнување на свеста.

Сподели: