Мени

Откажан Хакатонот за отворени податоци

Согласно препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со искрено жалење ве известуваме дека планираниот настан ХАКАТОН за отворени податоци, којшто требаше да се одржи на 13 и 14 март 2020 г. во просториите на Фонд за иновации и технолошки развој, ќе биде откажан. Настанот се откажува поради состојбата со Корона вирусот (CODVID – 19). По повлекување на препораката од страна на Министерството за здравство, настанот повторно ќе се организира а новиот датум ќе биде јавно споделен.

Хакатонот е организиран од страна на Фондација за интернет и општество – Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество и АД Македонски Телеком.