По успешното спроведување на програмата за стипендии за 2014 година на School of Data (Школа за податоци), сега е отворен и повикот за апликации за стипендии за 2015 година. Како и минатата година, се бараат нови обучувачи за податоци коишто ќе ги споделуваат нивните вештини за работење со податоци ширум светот.

IMG_6400-1024x682

Како стипендист на School of Data, ќе добиете обука за податоци и лидерство, како и за организирање настани и изградба на вашата заедница во вашата земја или регион. Исто така, ќе бидете дел од сè поголемата глобална мрежа практичари на School of Data, користејќи ги придобивките на самата мрежа, како што се споделувањето ресурси и знаења и придонесувајќи за разбирањето како најдобро да се локализираат напорите за обуки на School of Data.

Како стипендист, ќе учествувате во деветмесечна програма за обука и ќе работите во School of Data во просек десет работни дена месечно, ќе посетувате обуки на интернет и обуки во живо, ќе организирате настани и ќе бидете активен член на просперитетната заедница на School of Data.

Кликнете тука за да дознаете повеќе околу тоа како да станете стипендист на School of Data и аплицирајте.

Рокот за поднесување апликации е 10 март, а програмата ќе започне во април 2015 година.

Корисни врски: