„Право на говор не е право на говор на омраза“, е брошурата за средношколци која како деветти водич за ИКТ на Метаморфозис има за цел да го претстави и лоцира говорот на омраза како и да посочи на механизмите со кои истиот може да се пријави и санкционира.
Овој водич ќе биде промовиран на претстојната Национална конференција за промовирање на активностите против говор на омраза, каде проектниот координатор Филип Стојановски ќе ги претстави активностите на Метаморфозис преку веб страницата www.nemrazi.mk .
Веб-сајтот nemrazi.mk собира и презентира информации и образовни содржини поврзани со борбата против говор на омраза. Како дел од иницијативата против говор на омраза на Интернет покрената од Метаморфозис, МОФ, Реактор и Центар за нови медиуми во 2012 г. страницата нуди можности за приклучување на младите на заедницата активисти од цела Македонија, а сите заинтересирани може да се придружат преку Фејсбук (fb.me/nemrazi) и Твитер (@nemrazi и#немрази, односно @mosurrej и #mosurrej).
Преземете го Водичот тука.
Сподели: