На 17 мај 2016 година, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа обука за справување на говорот на омраза во медиумската сфера, првенствено наменети за уредници, новинари и администратори на веб-портали организирана од Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот Сервис за проверка на факти од медиумите кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка на УСАИД Македонија. На оваа едно-дневна обука присуствуваа 15 претставници на медиумите.

20160517_102105

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на онлајн-медиумите во Македонија за препознавање и спротивставување на говорот на омраза и говорот што поттикнува насилство и криминал од омраза, како и промоција на професионалните новинарски стандарди во рамки на проектот Сервисот за проверка на факти од медиумите кој Фондацијата Метаморфозис го спроведува со поддршка на УСАИД Македонија.

20160517_102513

На оваа обука беа опфатени следните теми:

  • Вовед на темата говор на омраза
  • Правни рамки поврзани со говорот на омраза
  • Напорите на Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија во оваа област
  • Учество во заедницата насочена кон борба против говор на омраза
  • Идентификување говор на омраза според методологијата на Сервисот за проверка на факти од медиумите
  • Општествена одговорност на медиумите (порталите)
  • Развој на интерни механизми за саморегулација во рамки на еден медиум: Развој на политика за говор на омраза, регистрација, ограничувања за содржини генерирани од корисниците, коментари на социјални медиуми, механизам за предупредување и отстранување (notice and take down mechanism)

20160517_104626

20160517_123818

Во текот на оваа обука беше презентирана и првата мобилна апликација во светот за борба против говорот на омраза која има за цел поефикасно информирање и подигнување на јавната свест за говорот на омраза, овозможувајќи им на граѓаните брз и иновативен пристап до најновите вести од оваа област, како и пристап до образовните и стручните ресурси. Апликацијата “Не мрази”, која e прва апликација од тој вид за паметни мобилни телефони во светот, е достапна за бесплатно преземање за корисниците на најпопуларните оперативни системи Андроид преку Гугл Плеј и иОС (iOS), односно корисниците на Ајфон и Ајпад преку Епл Стор.

20160517_130704

20160517_132101

Оваа обука им овозможи на сите присутни претставници на медиумите да се запознаат и разменат искуства, како и да ги воведат научените тактики и совети за спречување на говорот на омраза во својата секојдневна работа.

20160517_140253

Во текот на оваа обука, се развиваа и дискусии поврзани со оваа тема, како и присутните претставници на медиумите се изјаснија дека ваквите обуки доколку се зачестат ќе помогнат да се спречи говорот на омраза во медиумите навремено.

20160517_141537

Сподели: