• Целосната верзија од прелиминарна анализа на веб-сајтовите на индивидуални кандидати за изборите 2009 е достапна во PDF верзија

Поради важноста од примената на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во работата на централната и локалната власт и од аспект на олеснување на животот и работата на граѓаните, како и поради огромна улога на развојот на информатичкото општество во процесот на евроинтеграција, Фондацијата Метаморфозис спроведе истражување и анализа на веб-сајтовите на кандидатите за претседател на државата и градоначалници на локалните избори чиј прв круг е закажан за 22 март 2009 година. 

Истражувањето се одвива во две фази, прва – прелиминарна и втора – финална, која ќе биде објавена по изборите. Резултатите од втората фаза ќе опфатат дополненија на анализата на веб-сајтовите, резултати на анкета на кандидатите спроведена по е-пошта, анализа на користењето на социјални медиуми (Фејсбук) и споредба на активноста на интернет со резултатите на гласањето.

Предвид беа земани исклучиво веб-сајтовите на индивидуалните кандидати за кои може да со сигурност да се утврди дека се раководени од нив самите, нивните изборни штабови или партии. При тоа, употребувани се следните критериуми:

  • Веб-сајтот е истакнат преку линк на официјалниот веб-сајт на партијата или преку печатените изборни материјали, или во огласите во печатените или електронски медиуми.
  • За веб-сајтовите кои не го исполнуваат погорниот критериум, беше проверувано дали доменот во МАРНет  го има регистрирано соодветно правно лице, односно дали може со сигурност да се утврди идентитетот на сопственикот на веб-сајтот. Поради овој критериум и заради намалување на можностите за злоупотреба поради неможноста преку интернет да се утврди точниот идентитет на нивните иницијатори, не беа земени предвид определен број блогови кои се претставуваат како блогови на кандидати.

Во однос на кандидатите за градоначалници, бројот на објавени веб-сајтови е на многу ниско ниво (7%), при сепак се забележува минимален напредок во однос на претходните локални избори од 2005 година, кога само 4% од кандидатите имаа свои веб-сајтови, како и во однос на изборите од 2000 година кога воопшто не се користеа веб-сајтови за промоција и комуникација со избирачите.

Година
2005
2009

Вкупен број

Со кандидатски веб-сајтови

Процент 2005

Вкупен број

Со кандидатски веб-сајтови

Процент 2009

Кандидати

379

10

4%

365

24

7%

Изборни единици

85

8

9%

85

17

20%

Табела 1: Споредба на бројот на кандидати и бројот на веб-сајтови на кандидати.

Граѓаните имаат можност да гласаат за барем еден кандидат со веб-сајт само во 17 од 85 изборни места (84 општини и градот Скопје), односно 20%, што претставува зголемување од 9% на претходните локални избори. Во изборните места Охрид, Сарај и Струмица најголем дел од кандидатите (по 50%) ја искористиле можноста за претставување преку интернет.

Општина

Бр.на кандидати

Бр. сајтови

Кандидати со веб-сајтови

Сарај

4

2

50%

Струмица

2

1

50%

Карпош

5

2

40%

Охрид

6

3

50%

Кочани

3

1

33%

Ресен

3

1

33%

Тетово

6

2

33%

Штип

3

1

33%

Град Скопје

11

3

27%

Чаир

8

2

25%

Ѓорче Петров

5

1

20%

Струга

5

1

20%

Гостивар

6

1

17%

Дебар

6

1

17%

Кавадарци

6

1

17%

Центар

6

1

17%

Аеродром

7

1

14%

Табела 2: Процент на кандидатите со сопствени веб-сајтови по општини. Во општините кои не се во табелата не беше утврдено присуство на официјални кандидатски веб-сајтови според критериумите на истражувањето.

Мнозинство од кандидатите што имаат веб-сајтови не покажуваат интерес за комуникација на повеќе од еден јазик, ниту грижа за квалитетот на напишаното преку ангажирање на професионален лектор. Мал дел од нив работат на надминување на недостатоците на стандардната поддршка за пишување на неанглиски јазици.

Во поголем број случаи кандидатите користат само мал дел од можностите за повеќенасочна комуникација со граѓаните кои им ги овозможуваат ИКТ. На своите веб-сајтови најголем дел од кандидатите не користат јавен бројач, оневозможувајќи транспарентно да се оцени влијанието на нивните сајтови кај публиката.

Како и во 2005 година, при мерење на употребливоста беа користени методите на светски признатиот стручњак од оваа област, Јакоб Нилсен (www.useit.com). За секој од сајтовите е даден процентот на исполнување на негативните и позитивните ставки од листите на десет најголеми грешки и десет најважни препораки.

Редоследот на кандидатите во табелите е според времето на дознавање за нивните сајтови. Со анализата се опфатени само активните сајтови за чие постоење тимот на Метаморфозис имаше информации до моментот на заклучување на извештајов (20 март 2009 г. 12:00).

Целосната верзија од прелиминарна анализа на веб-сајтовите на индивидуални кандидати за изборите 2009 е достапна во PDF верзија

Сподели: