Во просториите на Фондацијата Метаморфозис на 25 февруари 2005 (петок), со почеток во 11 часот ќе се одржи презентацијата „Да извезуваме знаење, а не луѓе; Извоз на софтвер од Македонија, состојба и препораки“, на м-р Петар Кајевски.

Студијата е изработена за британскиот универзитет „Лондон скул оф економикс“ (London School of Economics), и ги проучува прашањата на доверба, комуникација и пристап до странски клиенти на македонските фирми кои извезуваат софтверски производи или услуги.

Според студијата, клучна улога во извозот на софтвер имаат информатичарите по потекло од Македонија кои живеат во странство и дека, општо земено, не постојат значајни културни разлики помеѓу македонските фирми и нивните западноевропски клиенти.


Дополнение: Презентацијата „Македонски извоз на софтвер: доверба, комуникација и пристап до странски пазари“ (.ppt, 80 КБ) на англиски јазик е достапна за симнување.

Сподели: