metamorfozis-1Според ФИООМ и Метаморфозис, потребата од изработка на вакво истражување лежи во непостоење на извештај за компјутеризацијта, подготвување на сеопфатна јавна информација која ќе понуди решавање на актуелните недоследности во процесот на компјутеризација, како и иницијатива за поактивно вклучување на граѓанскиот сектор. Извештајот се темели на податоци добиени од анкетата спроведена на примерок од 2240 испитаници, и од истражувањето на 7 фокус групи, спроведени во мај и јуни годинава.

Според резултатите од анкетата, 64 отсто од испитаниците поседуваат компјутер во нивниот дом, од кои дури 92 отсто се средношколци. 89 отсто од испитаниците поседуваат интернет, но скоро половина, или 41 отсто не се загрижени за безбедноста на личните податоци, а дури 80 отсто не знаат каде би се обратиле доколку нивните лични податоци бидат злоупотребени. Најголем дел од испитаниците интернетот го користат за сурфање и онлјан комуникација. Само 7 отсто се активни во групи, форуми и блогови, места каде што може да се дебатира и и да се споделуваат информации.

metamorfozis-2Во врска со владиниот проект „Компјутер за секое дете“, 80 отсто од испитаниците слушнале (на некој начин се информирани) за проектот, а од нив, 74 отсто информациите ги добиле од медиумите, што според Радмила Живановиќ, зборува за нетранспарентоноста на институциите одговорни за компјутеризација во училиштата.

Заклучоците од анализата покажуваат слабо инклузивна и нетранспарентна политика во процесот на компјутеризација, како и неподготвеноста за нејзино ефективно искористување во наставата. Оттука, препораките од ФИООМ и Метаморфозис одат во насока на градење на контексно базирана стратегија, утврдување на надлежностите на соодветните институции, како и поголема инклузивност за ефективна интеграција, односно вклучување на граѓанскиот, академскиот и бизнис секторот во процесот на компјутеризација во училиштата.

Преземете ја анализата

Сподели: