На 10 април 2017 се одржа едночасовен вебинар на тема „Инфографик: Податоци, дизајн, раскажување“ на кој присуствуваа 67 учесници кои активно учествуваа преку поставување прашања и дискутирање.
Предавач на вебинарот беше Игнаси Алкалде кој има универзитетска диплома по мултимедија, магистар е по информатичко општество и општество на знаење и поседува универзитетска диплома по анализа и визуелизација на податоци. Тој живее и работи во Шпанија.
Игнаси е тренер и консултант за визуелизација на податоци и за отворени податоци. Дополнително, тој е асистент за визуелизација на податоци и отворени податоци на Universitat Oberta de Catalunya и на Universidad Internacional de la Rioja. Воедно, тој е менаџер на Школата за податоци во Шпанија за Open Knowledge Spain и акредитиран тренер за отворени податоци од Open Data Institute UK.
ЈуТјуб видеото од вебинарот е достапно овде: https://youtu.be/nZdlErFYfVo
Презентацијата на Игнаси Алкалде можете да ја погледнете и симнете овде: http://bit.ly/2orapsj
Не заборавајте да нè следите на нашите профили на социјалните медиуми и да ни пратите предлози и забелешки за да ја подобриме нашата работа.
Твитер: @fmeta
Фејсбук: https://www.facebook.com/metamorphosis.foundation/
Овој вебинар се одржа во рамки на проектот TechSoup Balkans.
Доколку имате предлози или прашања во врска со вебинарите, контактирајте нè на: webinar@metamorphosis.org.mk
Сподели: