Единствениот македонски пребарувач Најди! објави листа на 100 000 најчесто користени македонски зборови. Листата е направена врз основа на бројот на индексирани страници на Најди! кои го содржат дадениот збор, според состојбата на 6 април 2005 година. Бројот на индексирани страници изнесува 395 000.

        Забелешка: Најчести 15 македонски зборови по азбучен редослед се: во, ги, го, да, дека, за, ја, на, не, од, по, се, со, ќе, што. Овие зборови се користат во повеќе од 50% од текстовите на македонски јазик, па поради тоа не се индексираат на Најди! и не фигурираат на ранг листата.