Оваа година, иницијаторот и организаторот “LDM Ideas” во ко-организаторство и соработка со повеќе јавни и приватни установи, ја организира информатичката манифестација „ЛАН Фест Конференција 2011“ која претставува нов, модерен и доветен наследник на стариот и добар Инфоком. ЛАН Фест Конференцијата е настан кој е составен од повеќе под настани кои им овозможуваат на изложувачите и на посетителите ефективна соработка во полето на информатичките и комуникациските технологии. ЛАН Фест ќе се одржи во мултифункционалната спортска сала „Борис Трајковски“, а започнува од 20 мај и трае до 22 мај 2011 година.
Во рамките на конференцијата Лан Фест ќе биде презентиран проектот Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад. Презентацијата ќе биде во петок, на 20 мај, со почеток во 14 часот. На презентацијата ќе биде претставен и новиот нацрт Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема.
Учеството на ЛАН фест е дел од проектот „Зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес“ на Националниот демократски институт (НДИ).
Ве покануваме сите кои се интересирате да дознаете повеќе на темата е-отпад да присуствувате на ова предавање.
Сподели: