Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното. Истовремено, краткото пакување на приказната и изборот на форматот, 2Д анимација, претставува илустрација за брзината со која може да се дојде до знаење кога тоа слободно се споделува на интернет.
Првото видео беше инспирирано од областа на физиката, а се вика „Брзина на звук“. Двете видеа се достапни на македонски и на албански јазик и се развиени во рамките на проектите „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“ и „Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија“.
Сподели: