
24.01.2023
Визуелизација: Кој и како ги прибира нашите лични податоци преку интернет?
Користењето интернет, за многумина, е рутина која ја практикуваат секојдневно и многупати во текот на денот. Дали знаевте дека со секое користење на интернет, споделуваме наши лични податоци? Ако се прашувате кој и како ги прибира овие податоци, инфографикот подолу ќе ви ги даде одговорите што ги барате.

16.01.2023
Визуелизација: Што се „колачиња“ и како фунционираат?
„Колачиња“ или cookies се термини со кои се сретнуваме речиси секојдневно, но дали знаеме што точно означуваат? Овој инфографик објаснува што се „колачиња“, која е нивната функција и какво влијание имаат тие врз приватноста на интернет-корисниците.

28.12.2022
Вредноста на нашите лични податоци
Нашите лични податоци можат да бидат искористени од различни страни и за различни цели што најчесто се сведуваат на некаков вид финансиска добивка. Оваа визуелизација ја објаснува најчестата причина поради која компаниите сакаат да дојдат до нашите податоци.

28.12.2022
Што е личен податок?
Секоја информација која очигледно се однесува на одредена личност или може да ја искористиме за да идентификуваме некое лице, се смета за личен податок. Во оваа визуелизација споделуваме неколку примери за тоа кои информации може да ги опфаќа изразот „лични податоци“.

28.10.2022
Што можат да направат институциите за да ја унапредат усогласеноста на електронските јавни услуги со Законот за заштита на лични податоци?
Јавниoт сектор има обврска да обезбедува услуги за граѓаните на начин кој најмногу одговара на нивните реални потреби. Еден од најефективните чекори кон постигнување на оваа цел е дигитализација на јавните услуги. Соодветната заштита на човековите права, вклучително и правото на приватност, треба да биде еден од приоритетите во овие процеси. Овие инфографици нудат препораки […]

27.10.2022
Зошто е важна дигитализацијата на јавните услуги?
Секојдневното користење на дигитални алатки во различни сфери од нашето живеење го менува начинот на кој функционира општеството. Јавниот сектор не е исклучок од овој тренд, а овде споделуваме само неколку од придобивките до кои може да доведе дигитализацијата на јавните услуги:

13.09.2022
Проценка на доброто владеење во Северна Македонија и регионот преку Индексот на отвореност – Собрание и извршна власт – мерење за 2021
Со поддршка од Проектот за граѓанско учество на УСАИД и Националната фондација за демократија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на ГО – Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE), подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири […]

13.09.2022
Објавен Индекс на отвореност на локалната самоуправа за 2022 година
Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, направи проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2022 година. Проценката е резултат на спроведено истражување засновано врз Индексот на отвореност. Истражувањето за 2022 година покажа дека повеќето општини не […]

15.08.2022
Кои техники се користат за да се украде нашиот идентитет?
Кражбата на идентетит е еден од најчестите видови злоупотреби на лични податоци на интернет и може да се јави во повеќе облици. Инфографикот подолу нуди објаснување за тоа кои техники се користат за да се украде нечиј идентитет.

10.08.2022
Какви видови кражби на идентитет постојат?
Иако повеќето кражби на идентитет имаат ист мотив, а тоа е финансиска добивка, не мора да значи дека секојпат се случуваат поради тоа. Стратегиите, алатките и медиумот преку кои се постигнуваат овие добивки може значително да се разликуваат. Затоа, имаме повеќе категории кражби на идентитет, а најчести се:

29.06.2022
Што е VPN (виртуелна приватна мрежа) и кои можности ги нуди
Веројатно многу од нас се имаат сретнато со терминот VPN, нo многу помалку се оние што знаат што точно значи VPN и што овозможува неговото користење. Инфографиците во продолжение ни објаснуваат што е VPN, кои функционалности ги нуди и што можеме да очекуваме од една добра VPN мрежа. Извор: What is VPN? How It Works, […]

23.05.2022
Совети за креирање силни лозинки
Лозинките се првата одбранбена линија од неовластен пристап до нашите уреди и податоци. Колку се посилни нашите лозинки, толку сме позаштитени во онлајн просторот. Затоа, треба да креираме силни лозинки за сите уреди, веб-страници и апликации што ги користиме. Овој инфографик нуди совети кои можат да ни помогнат да креираме лозинки што подобро ќе нè […]