Свет
Светски ден против цензурата на интернет
31.08.2014
Репортери без граници ќе го одбележи Светскиот ден против цензурата на интернет на 12 март. Овој настан има за цел да ги собере на едно место сите што поддржуваат единствен интернет, без ограничувања и достапен за сите. Исто така, настанот треба да привлече внимание кон фактот дека интернетот претставува двигател на слободата, преку создавањето на нови простори за размена на идеи и информации. Сепак, сè повеќе и повеќе влади, иако го знаат тоа, реагираат со обиди да го контролираат интернетот.Репортери без граници ќе го одбележи овој ден со објавување на најновиот список на „Непријатели на интернетот“. Во оваа листа се посочени земји како што се Иран, Кина, Саудиска Арабија, Виетнам и Тунис, во кои се ограничува пристапот до интернет и се малтретираат нивните нетизени.Ќе биде објавена и листа на земји кои се ставени „под надзор“ поради покажување на вознемирувачки став кон интернетот.„Репортери без граници“ ќе ја додели првата „Награда за нетизен“, со поддршка од Google, на 11 март 2010 година, во 19:00ч., во пресрет на Светскиот ден против цензурата на интернет. Наградата ќе му биде доделена на интернет корисник, блогер или сајбер-дисидент, кој има остварено значаен придонес за одбраната на слободата на изразување на интернет. Церемонијата на доделувањето ќе се одржи во седиштето на Google – Франција во Париз.„Репортери без граници“ дизајнираше лого кое ја симболизира одбраната на слободното изразување на интернет. На логото е претставено компјутерско глувче коешто се ослободува од своите