Опсерваторија на Дигитална агенда 2021, Кумулативен извештај за напредокот на Дигиталната агенда во Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија

Дигитализацијата во сите сфери и за сите општествени групи (без исклучок) е ефикасен механизам за подобрување на благосостојбата на граѓаните. Тоа значи подобрување на дигиталната работа и поголема ефикасност на институциите, организациите и другите општествени субјекти. Дигиталната агенда (ДА) го опфаќа развојот на информатичкото општество во најширока смисла. Со цел да се актуелизираат прашањата за ДА во земјите од Западен Балкан, во моментов се спроведува проектот Зголемување на граѓанското учество во ДА – ИЦЕДА со финансиска поддршка на Европската Унија (ЕУ).

Иако темата на ДА како иницијатива опфаќа повеќе аспекти, активностите и истражувањата на проектот ИЦЕДА главно се фокусиранат на спроведувањето на е-владеење, подигање на јавната свест, дигитална писменост и граѓанско учество. Во оваа рамка, во периодот помеѓу март – мај 2021 година, беше спроведено истражување во согласност со основната студија (спроведена во периодот мај – јуни 2020 година) во секоја од целните земји од Западен Балкан, имено Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Целта на истражувањето е да се измери напредокот во однос на почетната состојба на областите поврзани со ДА. Анализата резултираше со извештај кој се занимава со теми поврзани со поглавјата од законодавството на ЕУ, релевантни за ДА, т.е. Поглавје 10, со наслов – „Информатичко општество и медиуми“.

Поточно, овој документ претставува кумулативен извештај за напредокот на ДА во секоја од целните земји од Западен Балкан кој дава компаративен преглед на моменталната состојба на ова поле. Подетални информации за секоја земја може да се најдат во поединечните извештаи за земјите, чии линкови се дадени во делот „Патоказ“ на овој документ.

Оваа публикација е изготвена со финансиска помош на Европската Унија. Содржините во оваа публикација се единствена одговорност на партнерите на проектот ИЦЕДА и на ниеден начин не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Поимник на термини поврзани со Дигиталната агенда

Во текот на изминатите три години, членките на ИЦЕДА мрежата собираа и разјаснуваа поими поврзани со Дигиталната агенда кои се од значење за граѓаните, со цел да демистифицираат одредени концепти и да ја донесат дигиталната трансформација поблиску до сите чинители. Овој поимник содржи 39 термини поврзани со Дигиталната агенда. Овој документ е достапен на македонски, […]

Визуелизација: База на податоци

База на податоци: Систематско прибирање соодветни податоци. Се користат и се пристапува до нив преку интернет. Се складираат на начин на кој ќе се овозможи нивно лесно управување и ажурирање. Оваа визуелизација е достапна на англиски, македонски, албански, српски и црногорски јазик. Оваа визуелизација е дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда […]

Визуелизација: Гејмификација во онлајн образованието

Гејмификацијата во онлајн образованието се потпира на нашата желба да постигнеме цел, да стигнеме во следното ниво и да се натпреваруваме за да бидеме подобри од луѓето околу нас. Оваа визуелизација е достапна на англиски, македонски, албански, српски и црногорски јазик. Оваа визуелизација е дел од проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – […]

Verified by MonsterInsights