Визуелизација – Дигитални вештини

Дигитализација во сите сфери и за сите општествени групи (без исклучок) е ефективен механизам за подобрување на добросостојбата на граѓаните. Тоа подразбира унапредување на електронското работење и поголема ефикасност на институциите, организациите и на другите општествени субјекти. Неопходноста од дигитализација стана уште поевидентна поради пандемијата со КОВИД-19, затоа што укажа на ургентната потреба од механизми, алатки и од адаптирана регулатива за подобра организација и за целосно фукционално општеството. Притоа, до израз дојде и т.н. „дигитален јаз“, односно – разликите меѓу граѓаните во почетните позиции – за пристапот до Интерет и до соодветни електронски уреди, а оттаму и разликите во нивоата на нивните дигитални вештини / писменост.

Дигиталната агенда (ДА) го опфаќа развојот на информатичкото општество во најширока смисла. Со цел да се актуелизираат прашањата од ДА во државите од Западниот Балкан, тековно се спроведува проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА. Иако темата за ДА опфаќа бројни аспекти, сепак активностите и студиите на проектот ИЦЕДА главно се насочени кон спроведувањето на: е-влада, подигање на јавна свест, дигитална писменост и граѓанско учество. Во овие рамки, во периодот март – мај 2021 год., спроведено е и истражување консеквентно на основната студија (спроведена во периодот мај – јуни 2020 год.). Целта на истражувањето е да го измери напредокот во однос на почетната состојба од областите корелативни со ДА. Анализата резултираше со извештај во кој се обработуваат теми поврзани со поглавјата од ЕУ-законодавството, релевантни за ДА, односно со Поглавјето 10, именувано – „Информатичко општество и медиуми“.

Оваа визуелизација е дел од Извештајот за тековната состојба и патоказ за унапредување на Дигиталната агенда во Северна Македонија кој може да го прочитате тука.

_____________________________________________________________________________________

Оваа визуелизација е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината од оваа визуелизација е единствена одговорност на Фондација Метаморфозис и на ниеден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Визуелизација – Вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција (ВИ) е „област во софтверското инженерство што им помага на луѓето подобро да ја вршат работата преку автоматизација“. Србија ја усвои националната стратегија за ВИ за периодот од 2020 до 2025 г. Северна Македонија во моментов ја развива првата стратегија за ВИ. Албанија, Црна Гора и Косово сѐ уште немаат стратешки пристап кон […]

Визуелизација – Дигитални вештини & Дигитални компетенции

Дигитални вештини – тука спаѓаат основните вештини поврзани со алатките, но и вештини за решавање проблеми, вештини поврзани со креативност, вештини за доживотно учење. Дигитални компетенции – поопширни, во кои спаѓаат дигиталните вештини. Постоење на одредено знаење, вештини и развиени ставови со кои ќе можеме да имаме креативен и критички пристап кон употребата на технологијата. […]

Визуелизација – Култура водена од податоци

Култура водена од податоци – донесување на одлуки врз основа на факти извлечени од податоци. Неопходни предуслови за да се воспостави култура водена од податоци: пристап до податоците квалитет на податоците регулирање на нивната употреба знаењето и технологијата за подготовка и анализа на податоците Оваа визуелизација е достапна на англиски, македонски, албански, српски и црногорски […]