Применета политика за приватност

Последна промена: 9 јули 2010 г.

Фондацијата Метаморфозис е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот на Фондацијата Метаморфозис (www.metamorphosis.org.mk, односно www.metamorphosis.mk), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика на приватност. Можете да пристапите до Политиката на приватност во секое време на веб-адресата http://www.metamorphosis.org.mk/programi/primeneta-politika-za-privatnost.html. Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи прифаќање на оваа Политика на приватност. Доколку не се сложувате со условите во оваа Политика на приватност, Ве молиме не користете го веб-сајтот. Оваа Политика на приватност не опфаќа информации собрани на други места, вклучително, но не ограничувајќи се на информации собрани офлајн и на веб-сајтови до кои се поставени линкови на веб-сајтот.

Применетата политика за приватност на Фондацијата Метеморфозис се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (dzlp.mk).

Основни одредби

  • Сите лични податоци под контрола на Фондацијата Метаморфозис се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на Метаморфозис се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
  • Политика на Фондацијата Метаморфозис е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-сајтот на Метаморфозис се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
  • Во случај на криминална истрага, Фондацијата Метаморфозис се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење колачиња (кукија)

Веб-сајтот на Метаморфозис користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:

  • За спречување на двојно гласање при пополнување на анкети. Во моментов на веб-сајтот на Метаморфозис нема активни анкети. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на анкетата.
  • За соодветно претставување на јазичната верзија на сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета. Рок на траење на ваквите колачиња е 1 ден по направениот избор.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на тековната сесија.

Веб-сајтот на Метаморфозис го користи системот за управување со содржини Џумла. Во случај персоналот на Метаморфозис да има сознанија дека негови екстерни компоненти (модули) поставуваат и дополнителни колачиња, нивното однесување ќе биде дополнително наведено во овој оддел на политиката за приватност.

Серверски логови

За секој од веб-сајтовите на Фондацијата Метаморфозис соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските логови) минимум 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.

Хостинг сервисот за веб-сајтот Метаморфозис (www.metamorphosis.org.mk, односно www.metamorphosis.mk) го обезбедува компанијата Сонет (Сонет ДОО Скопје, бул. Партизански одреди 72а, 1000 Скопје, www.sonet.com.mk, info@sonet.com.mk).

Екстерни бројачи на посети

Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, веб-сајтот на Метаморфозис има користено два екстерни бројачи на посети: Сајт митер и Гугл аналитикс, обезбедени од компании лоцирани во САД кои се под јурисдикција на тамошните закони. Комуникација со екстерните бројачи се остварува со вметнување на код обезбеден од нивна страна во страници на веб-сајтот на Метаморфозис. При вчитување на таква страница кодот се активира, со што на екстерниот бројач му обезбедува пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачите.

  • Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресата http://www.google.com/privacy.html.
  • До јуни 2009 година веб-сајтот на Метаморфозис го користеше и бројачот Сајт митер, кој става на располагање на јавноста дел од деталните податоци за последните 100 посетители, со прикривање на дел од IP адресата, како и статистички податоци за бројот на посети и отворени страници од претходните 12 месеци, во однос на моментот кога се пристапува на нивниот извештај. Со податоците за посетите на веб-сајтот на Метаморфозис кои Сајт митер ги има собрано пред горенаведениот датум таа компанија се има обврзано да постапува според нивната политиката за приватност која е достапна на веб-адресата http://www.sitemeter.com/?a=privacy.

Е-пошта и мејлинг-листи

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн.

Преписката со персоналот на Метаморфозис во било која форма станува дел документарниот материјал кој Фондацијата е обврзана, во зависност од карактерот на преписката, да го чува од 1 до 5 години, врз основа на член 12 од Упатството за начинот и техниките на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (Сл. Весник на РМ бр. 60/97).

Запишувањето на мејлинг-листите на Метаморфозис е исклучиво на доброволна основа. Согласноста на членовите се обезбедува преку автоматско барање потврда за запишување во мејлинг-листата по внесувањето на нивната адреса за е-пошта во списокот преку веб-сајтот. Алтернативно, лицата заинтересирани за активностите и вестите од Метаморфозис може да се запишат преку потпишување формулари на хартија на настани организирани од Фондацијата.

Членовите на мејлинг-листите имаат можност во секое време да се откажат од членството преку соодветен автоматски механизам, преку кликнување на линк кој е наведен во секоја порака за е-пошта од листите, или преку контактирање на персоналот на Фондација Метаморфозис во било која форма.

Контакт

За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на Фондацијата Метаморфозис обратете се директно до канцеларијата преку било која од стандардните можности за контакт.

Фондација Метаморфозис
ул. „Апостол Гусларот“ бр. 40
1000 Скопје, Македонија

е-пошта: info [на] metamorphosis.org.mk
тел/факс: +389 (0)2 3109 325


Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Применета

политика

за

приватност

Останати блог текстови

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]

Заштита на вашиот дигитален идентитет: Важноста на „сајбер хигиената“

25.04.2023

Во денешното дигитално доба, поважно е од кога било да преземете чекори за да се заштитите од сајбер заканите. Од вируси и малициозен софтвер па сѐ до измами со фишинг и кражба на идентитет, има многу ризици кои можат да ги компромитираат вашите лични информации и да направат хаос на вашите уреди. Затоа практикувањето добра […]

Комуникација со граѓаните за дигиталната трансформација– важен придонес за премостување на јазот

24.04.2023

Дигиталната трансформација ги менува нашите животи на начини што не можевме да ги замислиме дури ни пред неколку децении. Таа донесе нови можности и предизвици и го трансформира начинот на кој живееме, работиме и комуницираме меѓусебно. Сепак, комуникацијата со граѓаните за дигиталната трансформација може да биде предизвик, особено на Западен Балкан, каде што сè уште […]

Институциите како причина за нарушувања на приватноста во медиумите

19.04.2023

Дури и ако надлежните државни органи откријат приватни податоци на сторител или жртвата, медиумите не смеат да ги пренесуваат тие информации. Грешка од страна на државните органи не значи „дозвола“ за прекршување на етичките начела на професијата. Ова го вели Етичкиот кодекс на српските новинари, но медиумската практика често е сосема поинаква. Зошто е тоа […]

„АДА“, дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција кој ќе им дава информации на граѓаните за државната помош - Мета.мк Новинска агенција

10.04.2023

Дигиталниот асистент „АДА“; Фото: Влада на РСМ Инвеститорите и граѓаните ќе можат да добиваат информации за програмите за државна помош на Владата на РСМ преку првиот дигитален асистент „АДА“ кој е базиран на вештачка интелигенција. Вака информираат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), по […]

Употребата на вештачката интелигенција во државните институции е корисна, но опасна е ако се злоупотреби - Мета.мк Новинска агенција

09.04.2023

Фото: Pixabay.com Користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките. Ова го велат експертите за влијанието на вештачката интелигенција доколку се користи од […]

Verified by MonsterInsights