Одење по жица: Балансирање помеѓу слободен говор и говор на омраза

Слободното изразување е суштинска основа на едно демократско општество. Неможноста на државата да го ограничи ова право, без „оправдана причина“, е показател за степенот на демократска зрелост на едно општество. Правото на слободно изразување е загарантирано со низа меѓународни правни акти, кои Северна Македонија ги има ратификувано, што значи дека ја презела обврската да го почитува, гарантира и штити правото на слобода на изразување. Настрана сите законски обврски и гледајќи од морална гледна точка – Дали ние самите можеме да го направиме нашето општество подобро место за живеење за сите, без исклучок, со почитување на меѓусебните права? Можеме ли, додека ја уживаме нашата слобода на изразување, да се воздржиме од давање изјави кои свесно и/или ненамерно ја нарушуваат честа и угледот или приватноста на други лица? Свесни сме дека слободното изразување е моќна алатка во „дигиталниот свет“ што (не)често се злоупотребува и се користи за поттикнување насилство, ширење омраза и може да им наштети на приватноста и безбедноста. Затоа, во овој текст ќе се обидеме да се осврнеме на рамнотежата помеѓу слободниот говор и говорот на омраза и да ви помогнеме да препознаете и да се справите со говорот на омраза.

Извор: Слика од Freepik

Она што е важно е да се забележи е дека слободата на изразување не се протега на поттикнување омраза, како што е говорот на омраза. Правото на слободен говор вклучува два аспекти. Прво, ни овозможува слобода да ги изразиме нашите лични мислења и верувања за широк спектар на теми. Второ, признава дека другите може да имаат спротивставени гледишта. Од најголема важност е да се почитуваат овие разлики и да се избегне ширење на омраза, што може да ги натера поединците да се чувствуваат небезбедно и несакано во општеството, без оглед на нивните емоции, верувања или припадност на разни групи. Нашата цел секогаш треба да биде негување на разбирањето и меѓусебното почитување меѓу сите членови на општеството.

Што е всушност говор на омраза?

Говор на омраза е секоја форма на изразување што поттикнува дискриминација, непријателство или насилство кон личност или група поради нивната раса, религија, етничка припадност, род или други фактори. Истиот може да се манифестира во различни форми, вклучувајќи погрдни навреди, навредливи шеги, закани, стереотипи или дехуманизирачки јазик. Говорот на омраза прераснува во ширење страв, поттикнување насилство и поттикнување клима на дискриминација и непријателство. Меѓутоа, сè уште не постои универзална дефиниција за говорот на омраза според Меѓународниот закон за човекови права.

Една од најраспространетите форми на говор на омраза во Северна Македонија е насочена против жените и ЛГБТКИ+ заедницата. И, за жал, говорот на омраза против жените и ЛГБТКИ+ заедницата често се смета за прифатлив и помалку штетен од другите форми на говор на омраза, како што се оние засновани на етничка или верска основа. Во пракса, во Северна Македонија, но и на територија на Западен Балкан, кога се појавува говор на омраза заснован на етничка припадност, тој добива многу поголема видливост во јавниот дискурс проследен со жестока онлајн дискусија и медиумско внимание. Меѓутоа, кога говорот на омраза е заснован на родова основа, истиот се отфрла од страна на мнозинството, оставајќи само на неколку активисти или организации за човекови права да бидат гласни без некое големо влијание.

Во Северна Македонија и севкупно во балканскиот регион пaтронизирачкиот и мизогинистичкиот говор е својствен дел од културата која воглавно е изградена на патријархално општество. На пример, во ситуации кога работите се одвиваат на неочекуван или несакан начин, постојат голем број популарни пцовки поврзани со мајки, жени или сексуалните импликации кои се однесуваат на жени и женски членови на семејството, иако тие воопшто не се дел од дадената ситуација.

Многу често, заканите и навредите упатени кон новинарките и медиумските работнички вклучуваат сексистички јазик. Ваквите трендови имаат потенцијал да доведат до таканаречениот „само-цензурирачки ефект“ кадешто новинарките почнуваат да се самоцензурираат, или во најекстремни случаи, ваквиот ефект доведува до целосно повлекување од новинарската професија. Говорот на омраза има далекусежни последици и за жртвите и за сторителите. За жртвите, тоа може да предизвика значителна емоционална вознемиреност, што доведува до анксиозност, депресија и намалено чувство на самопочит. Истиот создава средина на страв, исклученост и социјална изолација. Во екстремни случаи, говорот на омраза може да придонесе кон злосторства од омраза и насилство. Од друга страна, сторителите кои стојат зад говорот на омраза може да се соочат со правни реперкусии, оштетување на нивниот личен и професионален углед, како и овековечување на циклусот на омраза што може негативно да влијае на нивните животи.

Говорот на омраза создава непријатно општество во кое никој не е слободен и живее во страв дека ќе биде потенцијална жртва. Поради ова, секој од нас треба да преземе нешто кога се сомневаме на такво вознемирување.

Но, како и каде можеме да пријавиме говор на омраза на интернет?

Говорот на омраза во Северна Македонија е регулиран со повеќе закони (Кривичен законик, Закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета) кои генерално се во согласност со стандардите на ЕУ. Граѓаните на Северна Македонија можат да користат неколку механизми за пријавување на говор на омраза до надлежните органи.

Министерството за внатрешни работи коешто е одговорна институција за постапување по вакви случаи ја нуди услугата ЦРВЕНО КОПЧЕ каде што може директно да го пријавиме случајот, или преку е-пошта на cybercrime@moi.gov.mk. Во содржината на е-поштата треба да вклучиме линк до објавата која содржи говор на омраза заедно со краток опис.

Извор: Слики од екранот на Црвено копче

Друг начин за пријавување говор на омраза на интернет е директно до Државната комисија за спречување на дискриминација кое е независно тело одговорно за промовирање и заштита на човековите права и борба против дискриминацијата. Инцидентот можеме да го пријавиме на овој линк.

Извор: Слика од екранот на Пријави дискриминација – КСЗД

Министерството за правда нуди и бесплатна правна помош. Граѓаните со лоша економска состојба можат да се обратат до Министерството и неговите подрачни канцеларии, и да побараат бесплатна правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од Буџетот на Министерството. Бесплатната правна помош ја обезбедуваат овластени лица од Министерството за правда или од подрачните канцеларии лоцирани низ градовите во земјата. Бесплатната правна помош се обезбедува од овластени здруженија.

Еден друг начин да побараме помош кога ќе се соочите со говор на омраза на интернет е да се обратиме до невладините организации кои работат на прашања поврзани со човекови права и антидискриминација во Северна Македонија. Една таква платформа е Говор на мораза управувана од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Оваа платформа функционира врз основа на пријави од граѓаните за случаи на говор на омраза каде што случаите може да се пријават на неколку начини:

  • Преку онлајн формулар, преку кој може да се испрати и фотографија или видео;
  • Преку е-пошта: helkom@mhc.org.mk;
  • Преку #govornaomraza на Твитер;
  • Преку апликацијата за Android или iPhone.

По известувањето на еден од наведените начини, извештајот го разгледува Хелсиншкиот комитет за човекови права. Доколку при пријава сме ги внеле личните податоци, Хелсиншкиот комитет може да нè контактира при разгледувањето и верификацијата на поднесената пријава. По потврдата, нашата пријава ќе биде прикажана на веб-страницата (без прикажување на нашите лични податоци).

Извор: Слика од екранот на Говор на омраза (govornaomraza.mk)

Некои други невладини организации кои нудат бесплатна правна помош може да се најдат на овој линк.

За да се стави крај на ширењето на говорот на омраза потребни се колективни напори од сите засегнати страни. Еве неколку чекори што колективно можеме да ги преземеме за успешна борба против говорот на омраза на интернет:

а) Едукација и свест: Едукацијата на оваа тема е многу потребна и најдобро е училиштата да ги интегрираат активностите против говорот на омраза во својата работа, барем во форма на воннаставни активности. Треба да поттикнеме разговори кои поттикнуваат емпатија, разбирање и почитување на различностите. Со подигање на свеста, можеме колективно да го отфрлиме говорот на омраза и да создадеме култура на инклузивност.

б) Пријавување говор на омраза: Ако познаваме некој кој е жртва на говор на омраза, треба да го охрабриме и да го поддржиме во пријавувањето на случајот, наместо тој феномент да го прифатиме како нешто нормално. Исто така, навистина е важно ако познаваме некој што предизвикува говор на омраза да се обидеме да разговараме со нив и да им ги објасниме последиците од нивните постапки врз жртвата, но и врз нив како сторители. Пријавувањето инциденти со говор на омраза на релевантните онлајн платформи (Facebook, Instagram, Twitter, итн.) или кон релевантните државни органи е од суштинско значење. Повеќето платформи имаат механизми за пријавување и означување навредливи содржини. Со активно пријавување на говорот на омраза, можеме да се погрижиме тој да биде навремено третиран и отстранет.

в) Вклучување во контра-наративи: Треба да бидеме гласни против говорот на омраза со контра-наратив кој промовира толеранција, разбирање и почит. Со иницирање отворен дијалог кој негува емпатија, разбирање и почит кон различностите, промовираме инклузивност и создаваме посочувствителна онлајн средина.

г) Застапување за построги политики: Застапувањето за построги политики и регулативи против говорот на омраза, како онлајн така и офлајн, е од клучно значење. Треба да ги охрабриме владите, граѓанските организации и онлајн платформите да спроведат построги правила што го обесхрабруваат говорот на омраза и ги штитат поединците од неговите штетни ефекти.

 

Овој текст е изработен како дел од проектот „Добро владеење во сајбер безбедноста на Западен Балкан“, имплементиран од DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, финансиран од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој на Владата на Обединетото Кралство. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторот и не мора да ги одразува ставовите на DCAF и на донаторот.

За да прочитате повеќе за родовата перспектива на случаите на онлајн говор на омраза во Северна Македонија, прочитајте го истражувањето Онлајн активност, штета во живо: Студии на случај за родот и сајбер безбедноста во Северна Македонија и Западен Балкан кое беше подготвено од Фондацијата Метаморфозис со поддршка на DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.

Ставовите и заклучоците изразени во оваа студија им припаѓаат на авторите и Фондацијата Метаморфозис и не мора да ги одразуваат ставовите на DCAF и FCDO. Авторските права на оваа публикација и припаѓаат исклучиво на Фондацијата Метаморфозис. Ниту еден дел од оваа публикација не смее да се репродуцира или пренесе во каква било форма или на кој било начин без претходна писмена дозвола од Фондацијата Метаморфозис.

Сподели:


                  
meta tim sliki-02.jpg

Одење

по

жица:

Балансирање

помеѓу

слободен

говор

и

говор

на

омраза

Останати блог текстови

Форумот за управување со интернетот во Јапонија повика на заеднички напори во изградба на интернет што ги зајакнува сите луѓе

02.12.2023

Колумна за Форумот за управување со интернет во Кјото од Бардил Јашари, Извршен директор на фондацијата „Метаморфозис“ Форумот за управување со интернетот (IGF) е една од најважните платформи кога станува збор за интернет-политики. Под покровителство на Обединетите нации, форумот служи како годишна платформа, овозможувајќи им на најразлични засегнати чинители да дискутираат за тековни и идни […]

КАКO ДА СЕ (ПРЕ)ЖИВЕЕ ВО ОПШТЕСТВО ПРЕПЛАВЕНО СО ОМРАЗА НА ИНТЕРНЕТ?

14.11.2023

Слика од Freepik Еден од поголемите предизвици кога како квир активист(к)и се обидуваме да ја покренеме јавната свест и институционалната волја за нашите секојдневија е да се остане смирен, здрав, а и безбеден гледајќи директно во очи на енормното ширење на говор на омраза кон нас и нашите заедници. Изминатиот период како и секоја година […]

Говорот на омраза на интернет, особено кон жените, не се санкционира во земјава – Новинска агенција Мета.мк

13.11.2023

Во Северна Македонија, родово-базиран говор на омраза се среќава на социјалните мрежи, главно во коментарите и статусите на Фејсбук, особено во објавите на страниците на онлајн порталите. Најтаргетирани се жените, кои најчесто се на јавни функции, јавни лица, новинарки, инфлуенсерки, но и обични граѓани Фото илустрација: Порталб.мк Во Северна Македонија, случаите на говор на омраза […]

“Вештачката интелигенција да превенира говор на омраза онлајн, но да не ја спречува слободата на говор” – Новинска агенција Мета.мк

10.11.2023

Во битката меѓу престапниците како креатори и вештачката интелигенција како превентивен механизам, од суштинско значење е да не настрада слободата на изразување Фото: cottonbro studio: https://www.pexels.com/photo/person-in-white-long-sleeve-shirt-using-macbook-air-5077038/ Моделите на вештачка интелигенција (ВИ) напредуваат и имаат можност да откријат говор на омраза онлајн, а со тоа превентивно да влијаат врз неговото ширење особено преку водечките социјални мрежи, […]

Секој министер се пофали и се сликаше за проектот „Една точка за услуги“, но тој никогаш не успеа - Мета.мк Новинска агенција

28.04.2023

Колаж од посетите на владините функционери во канцелариите „Една точка за услуги” / Фото: Државни институции Канцелариите „Една точка за услуги“ кои беа отворени во Скопје, Куманово, Охрид, Битола и во Тетово со цел граѓаните да му кажат „збогум“ на чекањето на шалтерите, ќе бидат затворени и на нивно место ќе бидат отворени 333 шалтери […]

Заштита на вашиот дигитален идентитет: Важноста на „сајбер хигиената“

25.04.2023

Во денешното дигитално доба, поважно е од кога било да преземете чекори за да се заштитите од сајбер заканите. Од вируси и малициозен софтвер па сѐ до измами со фишинг и кражба на идентитет, има многу ризици кои можат да ги компромитираат вашите лични информации и да направат хаос на вашите уреди. Затоа практикувањето добра […]