„Зголеменото користење на Интернетот со себе носи и зголемена потреба за развивање на вештини за превенирање на злоупотреби на човековите права он лајн. Континуираната едукација и застапувањето за заштита на човековите права е важен сегмент за спроведување на едукацијата и за градење на нови вредности при користењето на Интернетот.“
Во процесот за застапување на човековите права на интернет, неопходно е да им се помогне на заедниците да се соочат со огромните промени кои произлегуваат од сѐ поголемото влијание на новите технологии (вклучувајќи ги големите податоци, вештачката интелигенција, роботиката, нанотехнологијата и генетиката). Метаморфозис се фокусира на заштитата на приватноста и слободата на изразување преку зајакнување на капацитетите на граѓаните и институциите (како и преку изработка на грантови) за дигитално општество.